Каде да си купам?..па и на попуст плус Каде можам да најдам ниски чизми, до глужд?! Нешто слично на овие: И по можност кожни.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Незнам дали си за во Шутка, но имаше преубави за 1200-1500 ден, е сега за кожни тешко, ама преубави беа.
Каде да си купам?..па и на попуст плус барам ваква туника што може да биде фустан без хеланки ако знае некој каде да најдам нека пише plssssss
Каде да си купам?..па и на попуст плус Тенкаи јас видов преубави ниски чизмички, ама не се од кожа. Кожни тешко дека може да се најдат, ефтини и убави. Пиши ако сакаш да ти кажам за овие.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Може, може еве тука ќе пишам, па која сака нека оди да разгледа. Има продавничка спроти ТЦ Бисер, во Аеродром, се наоѓа одма до млечниот ресторан Жужу. Поминав пред некој ден, баш кога ја донесоа новата роба! Вакви ниски чизми има колку ти душа сака, во сите бои, од различни материјали, со нитни, со ресички, со што ти текне! цената на ниските беше 1600 денари, баш на сите. Имаше и неколку модели на високи чизми...ама не ми фатија баш око,и беа околу 1900 денари. Ниските стварно се преубави, и јас деновиве ќе одам да си купам уште еден пар , додека има
Каде да си купам?..па и на попуст плус http://debenhams.scene7.com/is/image/De ... dGZpxjrOFP Сакам вакво капутче,имате некаде видено по продавнициве?
Каде да си купам?..па и на попуст плус http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... -2010-2011 Kе може ли да ми каже некој каде можам да најдам вакви чизмички ?
Каде да си купам?..па и на попуст плус Хах никој не рекол дека е ефтино во Баргала. Ама имаат супер изработка чевлите и квалитетна кожа. Јас бев лани напролет и ништо не си купив зашто промашив сезона и немаше бројчиња за мене, а имаше одлични чевли! Иначе имаше кога бев 3-4 пара чевли за Sergio Rossi направени. Беа околу 3000-4000. Ама погледнете ги цените на неговата страна, да видите тогаш колку е сепак ефтина Баргала http://www.sergiorossi.com/ Баргала прави кондури за познати фирми и дизајнери, ефтина работна сила и затоа си прават во Македонија, само што се случува да имаат мали грешки како мал рес, се познава малку лепакот итн. Сето тоа се продава во продавницата (т.е магацинот на Баргала) за 50сетина евра, а ако сакате може и во Италија истите да ги купите за 500 евра чевли, само што без 1 милиметарски рез којшто се приметува со микроскоп, ама ако давате 500 евра тој несмее никако да го има. Сакав мнооогу да одам во Баргала крај август/почеток септември ама ништо. Сега веќе и се откупени чизмите нема избор како пред сезона, кога веќе во Баргала се направени и испратени чизмите. Така да ај на пролет можда
Каде да си купам?..па и на попуст плус ^ А кога се оди? За чизми август/септември, а за пролетни/летни пред почеток на сезона, ама кога? И може ли секој да си купува од тој магацин/продавница или ти треба некој познат да те внесе? Едит http://www.bargala.com.mk/default.asp?m=11&t=1&lan=MK# Тука ги има новите модели од женската колекција. Има по нешто интересно.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Jaс бев за кондури, сандали почеток април и беше прекасно Значи вајда фебруари, почеток март што знам. Најдобро некој од Штип да имаш и да ти каже Иначе ова е нова колекција???????? НЕМА ШАНСИ. Јас пред година и нешто кога бев немаше ништо шпиц и вака застарени модели. Се беше модерно!
Каде да си купам?..па и на попуст плус сега имало некој попуст во Баргала докај 4000ден ама тие се лански модели на чизми...Ако дознаам усте нешто ке ви пишам позз
Каде да си купам?..па и на попуст плус Во аутлетот во Борис Трајковски салата што се наоѓа. Е сега многу зависи кој период ќе го начекаш. Пред некој месец беше другарка и рече дека ништо немало, освен патики ко од 50сетите Јас бев во септември кога донесуваат во продавнициве нови колекции и во аутлетот ги донеле старите патики имаше ептеееееен добри модели. Е само што јас очекувам аутлет колекциите да имаат 70% попуст. Е тука најмногу 50% кај некои модели има намаление(најчесто последно бројче ако се). Македонска работа знаеш! Аутлет кај нас скапо е претерано, поскапо и од попустите во странство во спортски продавници после сезона. Затоа бев разочарана и ништо не купив. Кај тренерките имаше намаление од 500 денари. БРАВО! Ама затоа за 3000-3500 сигурно ќе најдеш патики!
Каде да си купам?..па и на попуст плус Па да и мене ми се некако застарени. Освен некои чизмички што се класика. Фала ти, ваљда на пролет ќе идам.