Дечки бе па...кажете ми кај можам да најдам салонки, ама ептен мало бројче, 35-ка (ама да биде и мал калапот). Не ми е битно ни боја, ни модел, доколку се со некоја приступачна цена-уште поубаво. Пред некој ден шеткав низ Бисер, влегов во Трафик, и се израдував кога видов дека имаат 35-ки од некои модели, ама џабе, кога и од нив ногата ми искача
Каде да најдам убава ЦРВЕНА марама, ама не некоја свилена или од оние крутине туку нешто вакво на пример:
35ки ептен ретко се наоѓаат. Јас најчесто наоѓам во Аванти, Ил камино, Албатрос има и во другите но не секогаш. Кога како им праќаат во пратките 35ка. Плус тешко и од сите модели да имаат бројче. Земи си влошки со тебе кога ќе пробуваш чевла па може така 35ка точна ќе ти е. Има и во продавничките на Битпазар чат- пат 35ка. Порано во Коле имаше и 34ки ама не беа убави моделите, а можеш и по порачка да си направиш, зошто штом ти излегува ногата од 35ка не си 35ка.
Имам користено вакви лентички за заби но мене ми ги донесоа по порачка од Америка нз дали има кај нас но и да има ефектот не е траен,додека ги користиш забите стварно ти се побели дури 2 нианси но кога ке ти завршат лентичките забите пак ке си ја добиат истата нијанса пакувавањето содржи околу 20 лентички 10 за долната вилица 10 за горната и скапички се ако најдеш пиши хммм сеа приметив на тоа пакување има 40 комада па гарант се поскапи
тие од 890 нема шанси да се оргинал..јас лани земав рејбан Spoiler оргинал и беа околу 10 000ден. така да,не се лажете дека тие се оргинал..сигурно ги купуваат од пазар и ги препродаваат.
Гледам зборите за наочарите во Ботони. Јас имам земано неколку пати до сега наочари од Ботони и тоа цената стигала и до 1000 за едни. И по два дена носење, верувале или не се испокршија. Почнаа стаклата сами да паѓаат, рачките се искривија, никогаш нема парите да ги прежалам. Немате појма колку ми беше криво. Ај еднаш земав рејбанки коцкасти, за неполна недела прав деформитет ми станаа наочарите, и после си викам ај други ќе земам може овие така се погодиле. Купувам други рејбанки коцкасти во боја, истата приказна, за неполни два дена. Па сум ги лепела со двокомпонентен лепак, па триста чуда. Парите во вода ми отидоа. Боље ќе си купев од некој локален бутик ем поефтини ем немаше да се деформисаат за кратко време. Spoiler Може офтопик отидов малце, ама..
Во Ил камино и Албатрос, кога и да отидам, неможам да си најдам бројче, па незнам дали би ми биле точни. Во Аванти можно е да си најдам бројче, точно да ми биде, но не секогаш. Имам правено и по нарачка, ама друго е кога ќе го видиш моделот во продавница, влагаш и го купуваш Кога ми треба за некоја поспецијална пригода, да, секогаш правам по нарачка, ама за навака-натака, поретко Сепак, ФАЛА за информациите, ќе продолжам да си барам јас, со надеж дека во иднина ќе почнат да носат и 34-ки
Имаш 35-ки салонки во Памс во Антико (Карпош 4) кремасти превртена кожа со машничка напред, 1500 ден. на Биана, мене мн се допаднаа, ама последен пар беа
Наочарите што ги имате во Ботони, за 400-500 ден се на тезга на Бит, а и во Шатци се толку. А за таа продавницата на Југо дрво, незнам сега дали е Магија или е прекрстена во Пренди , пишува се за 200 ама не влегов, а тоа што го видов од излог не ми се допадна, па одете видете, па кажете.
За таа на југо дрво незнам како се вика ама сум влегла и немаше ништо посебно,а Пренди(се за 200) има во Чаир и има голем избор...јас бев пред месец дена си купив долни тренерки бели со широк ластик,едно како капутче(ама мн тенко),имаше машки дуксерисо капуљача,фармерки многу убави ама за многу слаби девојчиња 26 број фустанчиња и блузички,имаше убави работи.... сега брзо ако бил некој нека каже ...
Подобро. Јас бев денес откако се изнаслушав позитивни коментари, и, моја нога таму веќе не стапнува. Внатре, хаос, без пари да делеа облека помалку луѓе ќе имаше, ништо нема, и тоа што го има делува на хартиено, а не квалитетно. Катастрофа.
Јас денес бев во Пренди, и да ви кажам право, САБАЈЛЕЧКИ! Мајка ми ме стана, да сме оделе на пазар, зеленчуци и други чуда па ај и таму...бла бла, да не забегувам off topic. Вистина е дека повеќето работи се ко цедалка и лити, тенки, проѕирни, ама може и да се најде по нешто ок. Јас се подновив со кафеава спортска есенска (средно дебела) јакна до половината е долга и со една темно зелена, многу мекана, дебела зимска и со куси ракавчиња туника. Рачунајте 400 ден ме чинеше јакна и туника Па ако сака и само една сезона нека се износи Според мене робата у Пренди е претежно секојдневна, фармерките не ми се допаѓаа мене лично, блузичките беа малце така проѕирни, ама ништо не губите ако свртите едно кругче внатре. Може ќе ве бендиса нешто. Наслушав дека ќе носеле нова роба па темпирајте се и тогаш појдете. Инче и во Мана демек оделе денес нова роба, ама не сум видела.
секојдневна = подразбирам дека нема ништо свеченко и елегантно освен што здогледав едни болерца (не се сеќавам колку долги беа ракавите) со малце чипкасти делови во кремава и циклама-накај-портокалова боја толкууу
Decki a moze li da mi objasnite kade tochno s enaogja Prendi posto ne sum od Sk i neznam kade tochno toa e Jugo drvo pozz