Луѓе не лепнувајте по 1600 и 1200 за летниве чизми, во Бугарија и лани ги имаше за помалце од 900денари, подобро порачајте по некој ако имате. Ги има и во Софија и во Благоевград. Стварно претеруваат со цениве!
Во една кинеска видов од надвор, дека имаат до глужд и до колено, едните беа 1250 ама не сум сигурна кои, дали тие до глужд или до под колено, знам исто дека имаше многу бои, ама материјалот некако ми светеше, како пластични делуваа, ама од надвор ги видов, може грешам.
Добро, се е 200 денари навистина или е реклама, 10 парчиња по 200 денари, друго поскапо...??? Ме заинтригира, му се канев од поодамна, ама сега во среда после колоквиумска одам одма, ако е таква работава
Видов дека дискутираат за цената на оние летните плетени чизмички или како и да се викаат... Во Кочани има по 800 денари до под коленици, имаше и едни повисоки.. плус во неколку бои
За сите што баравте маички со Rolling Stones, на линков ги имате за 350 денари Spoiler http://mk.kolektiva.net/skopje/fensi-maichki-za-proletni-proshetki.html
Во Бисер видов во продавницата Купи евтино, што се наоѓа веднаш позади крем кафе, околу 500 денари. Само е потемна минт зелена, е вакво
Во трговскиот Бисер, позади главните скали. Нема да го утнеш, пишува со црни букви, на ќолта позадина купи евтино
Како стојат ниските еднобојни старки од конверс со цените ? Ќе има попусти во скоро или да си почекам ? Исто така видов една феминка како спомнува нешто за Butterfly Accessories, во тц Бисер, па ме интересира дали се стварно цените тие што ги имаат напишано на фб и дали е баш толкав асортиманот? Конкретно за штиклите, прстените и ланчињата