Каде да си купам убави, не многу скапи женски пижами, некои шаренки и не многу дебели? Исто ми треба и препорака за добар туш , никогаш немам ставано и ми треба некој што едноставно се нанесува,а да трае и да има солидна цена. И третата работа се онакви печатчиња за нокти, има ли во Џамбо? На Зелен Пазар? По која цена се? Фала однапред
Пижами на пазарче. Туш јас на Голден би ти го препорачала бидејќи немаш до сега ставано , да си земеш со тврда четка. 100 е па ако не ти оди ставањето нема да ти биде криво за парите. И печати има и на Битпазар и за Зелен.
Каде да си купам балетанки, ама не премногу обични. Ако сте ги виделе балетанките во Теранова, нешто слично на тоа..Со црно-бели линии и голема машничка на почетокот.. И нормално цената да не биде енормна. Или пак нешто вака: Во трговски во Ил Камино видов нешто слично на ова, значи освен таму
оди на турска царшија нема што нема во поглед на балетанки сите се по 850 секакви бои, шари машни ,цветови се, буквално да неможеш да се одлучиш
за коларот барај во инфлуенц во тавталиџе се наоѓа продавницата некаде кај што има преставништво на близу.
Веднаш до Ик банка сегашна Шпаркасе, има продавница за долна облека. Под кафич Шоу рум и гледа кон булевар. Имаат квалитетни и не многу скапи парчиња долна облека.
Најпрво,фала на девојките кои ми кажаа за барањето. Одма утре идам на местата каде што посочивте. Имаше во Адамс Шус во Рамстор последен пат кога бев многу убави балетанки.Се брзав,па не стигнав да пробам за да си купам.Иначе и цената мислам дека беше пристојна кај некои балетанки.А,и у Бата провери.
Ланче со ваква златна пеперутка? Краток модел е, до над гради, и има сребрени во Акесесорис, ама барам златна боја како на сликава.
^^ sweet-cherry одлични патичиња и јас сакам едни такви. Него јас имам друго прашање, не знам дали е за овде. Каде да најдам вакви Spoiler цициња прслучиња (што и да се), силиконски лепенки ама само од напред Фала ви однапред