Па јас бев пред неколку дена за да видам што - како има, и немаше ништо особено. Јас не видов ни јакнички ни палтенца. Едино ги има оние виолетовите капутчиња или како да ги наречам. Блузи со долги ракави преовладуваат.. Тие со кратки ракави никогаш во живот ни за по дома не би ги облекла.Само горе не се качив, ама како шти ми имаат кажувано горе е детската роба..
Вакви имаш на секој чекор, во секоја продавница за чевли. Сега скоро не сум видела, ваљда пошто им помина на некој начин `сезоната`.
девојки во врска со фармерките во различни бои,дали некоја од вас била до Евро-Азија да ми каже како се движат цените Фала однапред
Како тие првите досега не сум видела нигде низ Скопјево... А хеланки со африкански мотиви види низ евроазија.. Мислам дека видов нешто слично вакво, ама како низ магла ми е... Незнам дали таму или во некоја друга продавничка.. Ама сепак мислам дека во евроазија има..
Фала, ќе проверам дали има А барам и не само со 'африкански мотиви' туку и некои не знам.. шарени, цветни. Такви интересни како што се носат во последно време.
Епа и во теранова има шарени, цветни, тигрести.. Исто и еднобојни розеви дреч, зелени, црни, портокалови.. 400 ден
Случајно ја разгледував темата, вакви во Струмица, поточно како третите на сликата можеш да најдеш во Албедо (на корзото или во Глобал, цената мислам околу 1600 беше) и во Урбан дуќанот за обувки пак во ГТЦ Глобал, пак со цена од околу 1600 денари.