Колку што знам секоја недела одат по роба, а секој ден вадат од залихите што имаат.Најдобро е да фатиш ред кога ја носат новата роба.
имате ли негде забележано фармерчиња , светли ко за сега, нешто напред така ко искинати и која цена се движат ??
Сакам да ве прашам каде можам да најдам ташна оваа големина отприлика ама кремова ама проблемот е да не биде поскапа од 500-600 денари. Бев во елит ништо не ми се допадна само цените им се набиени нема поефтина од 800. Ми кажаа дека имало некои тезги на Зелено пазарче, има ли таму вакви модели и како се движат цените?
Феминки, сеа бев до Бисер, и над Тинекс-от има отворено нова продавничка, незнам како се вика, воопшто не го приметив името (мислам дека тоа е Магија, само неможам со сигурност да кажам бидејќи никогаш не сум била во неа), со доста прифатливи цени...Имаше 1 милион маички, тренерчиња, кошулки, блузички, само што имаше премногу гужва, и неможев ништо да видам, сафра ме фати и одма си излегов Имаше цени од 99, 149, 199, 249, 299 денари. На кој му одговара, може да помине, иако јас не видов ништо посебно, али за секој ден-можат да поминат
Кај се наоша продавничката поточно? Според мене мислам дека не е суштината да се купи само ефтина роба туку треба да се гледа на квалитет, оти овие проблеми со кинеската гардероба што дури дојдоа и до телевизија.. воопшто не е за занемарување.
имате видено шаблончиња со оваа големина,да го опфати целиот нокт. јас ги имам оние стандардните, ама не ми вршат работа..
Ми требаат најобични црни балетанки, со или без некој додаток (машничка, цвет што и да е). Знам дека може да се најдат сегде, ама колку би можела да е најниска цена за такви и имате ли видено негде по пониска цена?
Денес видов црни лакирани балетанки, без никакви додатоци, во чевларите што се спроти комплексот УКИМ, кога одиш накај Бит Пазар, и беа 500 денари. Тие во Њу Јоркер се со мала машничка напред и мислам дека беа 850. Можеш да видиш и во Аванти, и таму беа околу 800
имаш во кинескиве продавници гари за по 200 ден црни балетанки исто со машничка напред најобични баш другарка ми си купи пред некој ден од она карши лептокарија што се наоѓа .. поефтини мислам дека нигде нема да најдеш
Има убави работи.. Пред некој ден бевме со мајка ми.. Си купивме блузи по 199 денари.. Убави а и ефтини. Ви препорачувам да отидете