Убава тексас јакна никад нема да искочи од мода! Инаку има во Теранова, веројатно и по другите поголеми продавници.
Ваква облека каде да барам, би можела ли да најдам нешто слично кај нас и ако да како се двиѓат цените.. Фала.
Е незнам дали точно ваква,ама ваков стил(индиски,мексикански) има у една продавница карши Вулкан диското.Незнам како се вика,у редот на Матица,Домиталиа и др.Незнам како беше името улицата.Има таму сари и такви работи како што бараш. Едит:За феминката која бараше наочари во форма на срце.Едно време имаше во Теранова,незнам дали уште има,ама и сум 100% сигурна дека има у Џамбо(таму што нема ).
^ Арабеска се вика бутикот, ама е премногу скап, сите работи се рачно изработени со посебни материјали. Една кошула бела најобична е 9000, а ваквите работи како на сликава под 1000 евра нема шанси да се. http://www.facebook.com/profile.php?id= ... &sk=photos
Незнаев,немам ни влезено таму.А баш ме интересираше колку се отприлика цените. Па тие многу си ги кренале акциите!
Како што знам јас баба ми се оноа Фемили шоп го спомнува кога си купува блузи,така да валда таму има.
Во Буњаковец на приземје, во редот кај Дестан има неколку продавничиња едно до друго што продаваат комплетчиња или распар облека за повозрасни. Мислам дека сите се македонски бренд, квалитетни и ефтини
зависи од моделот,ако се работи за обични памучни ти се поефтини околу 1000 и нешто а ако ти се за вежбање полиестер dry-fit тие се мааалце посоленки во цената!позз
И јас досега немам видено дека донеле на други места, ама во она Магија позади Рафаело (кај пренди) има кратки тексас шорцеви).. Цената не им е повисока од 250 ден.. Плус - минус толку се.. Иначе, вакво нешто барем слично низ Скопјево да не сте виделе? Немора да е со знамето отпозади..
Белдех се вика. Во Шутка има ама од 1 500 се најефтините, такви најдов само. Инаку да земеш некој убави незнам каде има, но само пријателка на мајка ми, босанка, ни кажа дека цените се движат од 200 евра, па нагоре.
Прочачкај по дома, мајка ти/татко ти мора да носеле порано. Може сочувале нешто, јас дур копав, најдов три тексас јакни по дома, од кои едната беше иста ваква.