@emiliandre И јас го имам истиот проблем и 35ката ми се големи и пред некоја недела си купив црни салонки 34ка (со платформа, околу 13cm се) од ГТЦ тоа што е спроти кино "Милениум", мислам дека се вика Hit Shoes и го има и во Кисела Вода и во Лептокарија... Поздрав!
И јас го имам истиот проблем како тебе и 35ката ми се големи и пред некоја недела си купив црни салонки 34ка (со платформа, околу 13cm се) од ГТЦ тоа што е спроти кино "Милениум", мислам дека се вика Hit Shoes и го има и во Кисела Вода и во Лептокарија... 1000 ден. ги зедов... Поздрав!
Каде да најдам ваква ташна? Ваков исто модел, црна исто (немора баш да биде луи витон како оваа битни се бојата и моделот)
Има ли низ Скопјево ваква кошулка, со машна, памучна по можност (ако е свилена, може да заврши работа, ама повеќе сум за памучна)и со кратки ракави, никако долги
Незнаеш колку се израдував кога прочитав дека имало и 34-ка. Јас кога и да отидам таму, немаат помало од 37-ка. Изгледа не ги начекувам, или пак носат само по 1-2 пара, и таквите ко нас одма ги купуваат Одма уште денес ќе идам да проверам
Девојки каде да најдам маички како за вежбање, памучни, убави, со кратки ракави, да не се од овие адидас и сл., ама да се сепак квалитетни ?
Тегет или крем сако? да биде до 1500 денари? и оксфордки крем боја или светло кафени и тие до 1500, не мора да се лаковани како на сликата?
Долга сукња, не мора да е еднобојна, само да не е апла нападен дезенот, нешто налик ова: Ениуан? :geek:
Си надјов тексас јакна кај вујна ми. Да не бидам офф топик, има вакви кај нас во Свети Николе, АниШуз, 1700 денари.
И јас барам вакви , никаде неможам да најдам, дезенот е или шарен или ФОСФОРЕН или што ти знам каков ..
Дали сте виделе некаде машки тексас кошули? Ми треба за подарок за постар човек, така да не мора да се што ја знам колку модерни, најобични тексас кошули без апликации и чуда
Девојки, каде по Скопјево има тул, мастило боја, ама од оној помекиот, а не оној што е како вештачки? Се надевам ме разбравте каков барам
Сите што барате сакоа, разгледајте низ Еко и Елит, има праска боја, мастило сина, минт зелена, крем, бело, сиво, црно.... Цените се околу 1000-1300.