Каде да си купам?..па и на попуст плус Hervé Léger фустани. Имате вкус, знаете што сакате Само има еден проблем, овој фустан е 1500 долари, да се најде истиот за 100 евра е невозможно. http://www.net-a-porter.com/product/99963 И да го шиете фустанов тешко дека исто ќе испадне. Баш јас гледав на матури многу често шијат Елие Саб фустани и се разочарани зашто исто не испаѓале. Елие Саб е врв во фустаните, материјалите му се прескапи, така да кога се шие фустан посебно на скап познат дизајнер, сличноста со тој фустан ќе е мала. Ефтиниот шиен фустан не може ИЧ да се рамни со дизајнерски фустан. А за фустаниве на Леџер... треба да се има совршено тело. Ако имате вишок килограми тој истите ќе ви ги истакне! Вакви фустани има низ градов ама сатенски, од овој материјал НЕ! А и да шиете пак неможе материјалов да го најдете и да ви го сошијат од мали траки во согласност со линиите на телото. Претешко за нашите шијачи. Еве ви сатенска бледа копија, ама има сличност
Каде да си купам?..па и на попуст плус Фала, контактирав со девојката. Знам, досадна сум, ама каде можам да најдам вакво фустанче?
Каде да си купам?..па и на попуст плус Малку ќе бидам офтопик но мора да кажам дека секако има квалитетни и не баш ефтини шивачки и кај нас на кои не би им претстаувало голем проблем да ги сошијат горенаведените фустани. Секако не би сакала да рекламирам но морам да пофалам една шивачка која успеа да ми го направи овој фустан идентично Поентата ми беше дека може да најдете личност која би ви ги сошила тие фустани, секако ќе треба и да ви каже кој материјал енајпогоден за таков фустан, можеби тоа нема да биде оригиналниот материјал но верувам дека ќе успее да направи нешто за да биде да речеме едно 90% исто, но и тие знаат да си наплатат така да не очекувајте да ви сошијат таков фустан за помалце од 50-60 евра.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Ова е сатен со набори. Нашите шијачи прават доста со сатен и со набори фустани. Ама она горе фустаните од Леџер погледни го само материјалот. Па погледни убаво дека е од мали ленти кои ги следат линиите на телото на жената. Плус сигурно е некој ластик. Плус линиите се совршено сошиени да дури не се ни познава дека има линии на одредени фустани. Тоа мислам дека прилично тешко да се направи. А општо за шиење на фустани се зависи од моделот на фустанот, од материјалот и секако шнајдерот! Ама некои едноставно претешко е да се копираат
Каде да си купам?..па и на попуст плус ви благодарам девојки за мислењата, јас мислев да зирнам во ламас или дан ди каро(така се викаше мислам) ако нема и таму се откажувам. се сложувам со россонерка тие фистани се тешки за шиење не планирам воопшто да шијам никогаш во животот не сум си сошила нешто ич не сум по тие работи хахаха ај ако ме сретне нешто ќе ве известам . фала уште еднаш поздрааав
Каде да си купам?..па и на попуст плус Ajде да ве прашам барам сукња црна или волнена црно-бела или некоја штосна низ градов и не можам да најдам??? Да не видел некој вакви сукњи некаде? Ептен слабо сукњи низ градов
Каде да си купам?..па и на попуст плус Рассонерка, јас видов една слична во Котон во Рамстор. Скроз црна...ама ништо посебно не е јас прочепкав низ плакарот на мајка ми и најдов две-три вакви црно-бели, и ги однесов на шнајдер. Ми ги направи предобри!! Сакам да ми кажете каде да најдам ваков фустан. Овој е од колекцијата Emilio Pucci - Fall 2010 или нешто вакво:
Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојки прееска бев во New Yorker и видов случен фустан како овие од Hervé Léger, црн со патент на средина
Каде да си купам?..па и на попуст плус Fеминки, каде да најдам црни класични кожни салонки? Нешто налик на овие? (да не се шпиц само...) Ако некаде сте виделе ве молам кажете ми каде да се упатам... (ако знаете и цена, добредојдено е ) п.п.с Видов дека има ваков модел ама лаковани во New Yorker, ама не видов за цена. Да не знае некоја од вас?
Каде да си купам?..па и на попуст плус вакво нешто слично видов во Аванти ако знаеш каде е. ИМаат продавници во Кисела вода, Битпазар и Ченто. цената им беше 900-950 денари. Тие јас што ги видов беа лакирани и има модели со три ременчиња горе кај зглобот и без нив. Побарај и пиши што си направила позз*
Каде да си купам?..па и на попуст плус 900-950? па и јас сакам. Ама нензам кај има вакв апродавница. Женска кажи ми на Бит пазар ако може да се објански кај се наоѓа, кога ке можам да поминам
Каде да си купам?..па и на попуст плус Маја во чаршија е. Кога ќе влезеш во чаршија, значи од бит пазар одма во првиот влез на некои 100, 200 метри е од десно. Јас летово си купив вакви за 500 ден.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Фала Марамче... Ми текна, знам која е, летоска имаше се за 500. баш ке поминам кога ке имам време
Каде да си купам?..па и на попуст плус Килограми не се проблем,килограми вишак нема...само шо муабетот е,што баш спротивното го имам слушнато за овие фустани.Убавината во нив е што можат да ги носат и девојки со малку поголемки облини (не каци де) затоа што наборите прават оптичка варка,затоа и се толку скапи,а како што можеме да забележиме и Бјонсе не е баш витка,па изгледа супер.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Бијонсе не е дебела, има облини и се согласувам убаво изгледа. Финтата ми е низ град гледам девојки со виииииишок килограми и носат тесни тесни претесни фустани. Ќе попукаат истите. Не ми е јасно зашто не ги прикриваат недостатоците, него напротив ги истакнуваат. Иначе денес видов нешто слично на фустаниве. Ги има во 2 продавници во ГТЦ. Џордано што е карши поранешно Тејли Вејл и во една нова продавница карши Чао што се наоѓа, веднаш до она за хулахопки. Не продавницата на ќош, туку друга 2 продавници до неа со фустани, панталони, ташни во неа. Фустаните се од траки во разни бои и тесни се. Околу 2000 беа, не памтам точно. Проверете, интересни се ми се допаѓаат.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Има една продавница спроти новата зграда на Тутунска кај Рамстор имаше убави црни чипкани фустани и блузички а и интересни зимски фустанчиња со пристојни цени .
Каде да си купам?..па и на попуст плус Да не знае некој кај се наога продавницата Ефтинија? Во Центар или Аеродром некаде ?
Каде да си купам?..па и на попуст плус знам дека таква продавница има во Штип, а за ск не сум слушнала )
Каде да си купам?..па и на попуст плус А кај е таа продавница во Чаир во која продавале запленета роба со сечени декларации и марки,шо ти ја знам?! Се било по 200,од јакни до панталони,имало и патики за 600,битно не биле секнд хенд и биле со одличен квалитет и бренд,само не познат,затоа што овај нали биле сечени етикетите.