Имаш во чаршија (Скопје) карши хотел арка,се вика Хембој,ефтино е некаде до 200 ден,и многу убаво ја фарбаат облеката, а после тоа не пушта многу боја. Или можеш да си купиш бои за текстил од бит пазар и дома да си ја офарбаш
Се согласувам со елинела дека можеш и дома да си ја офарбаш мислам дека ем поефтино ми како ти што сакаш само пази да не направиш иста грешка како јас да ја ставиш после во машина со белите облеки хаххах
ми треба нешто вакво фустанче, мислам во долниот дел,нешто слично да е на ова....дали знаете до колку пари одат?дали некоја од вас има забележано некаде? фала позз
сте виделе ли некаде ваква сукња и по која цена? а може и да ми препорачате добра шнајдерка во куманово доколку знате некоја, да не е шие многу скапо
Сега вакви суќни лелеави барем на секој чекор ќе има. Ако не се излезени сеуште, за брзо време секаде ќе ги има . А ако ти е за ,,итно,, купи си материјал некој лелеав таков и нека ти сошијат. Незнам да ти препорачам добар/ра шнајдер/ка, не сме од ист град.
барав секаде и не најдов, ниту слично, сакам ваква да носам на свадба кај една другарка на крај на месец, ке почекам уште оваа недела ако не најдам ке барам шнајдерка, можеби ке пише некоја феминка од ку.
Teшко, вакви штосни ланчиња не само што слабо ги има и се прилично скапи. Освен кај бугaрките ако најдеш некое за добра сума. Инаку сите големи и вака најшаљачки на свет се сварно скапи зашто се и уникатни и актрактивни. Аксесориз или во Еуроазија ѕирни, може ќе ти се посреќи
Во Џамбо имаш секакви, најефтините се 60-тина денари. Имаш розеви, црни, бели , со некои црикончиња на нив.
Кој и да бараше сако праска боја, во Еко има 1000 и кусур, сосема истото сако во Боди Лајн цели 2100.