Хелп. Сте виделе ваква боја MINT фармерчиња низ скопјево? Не ми кажувајте слична боја не сакам ни светло сини, ни тиркизни, сакам јака минт боја баш како првите 2 слики горе. И напомена да се нормална да не речам ефтина цена. Еко, елит, некое продавниче? Сте виделе? Помогнете треба поклон да купам деновиве
И јас се двоумев за висината но бидејќи ми беа преубави ги купив и да ви кажам прелесни се за одење )) јас ги зедов 1700 меѓутоа можат да се најдат од 1100 до 1700
да да има во ШУтка исти вакви и по 800 се, иначе има и други бои т. е секакви за сите шо ги интересира јас бев си земав портокалово црвени
Девојки каде да си најдам завој фустан боите не ми се важни итно ми треба.. п.с. кој иде накај шутка да ми земе салонки претходно кометирани.. како од аванти нека ми прати лп... не сум во можност да идам натаму...
Каде можам да најдам тенок лесен долг џемпер за со хеланки по можност да е црн и некои дезенирани хеланки? Сакам иста комбинација да направам како на сликава.
во Aванти 1200 се копитата, бев си земав, малце се тешки за одење, ама ајде од такси-кафич-такси немаат гајле, ама да пешачиш со нив чувај боже и на салонките со последен број цената им е 900. Jас имав среќа и си ги начекав убави се, сиви со црно доле кај што се подигнати. инаку салонките се стандард 1200, има и за 1800
Види во продавнициве на Сара Фешн, а слични на овие имаше и во Џамбо. Во ГТЦ, продавницата се вика Адесо Тренд (ја има и на втори спрат и на први карши Соравија) мислам дека се околу 1200.
Каде да барам салонки/сандали во ваква боја, само да не се лакирани или на полна пета? И ако знаете, постирајте некој профил на фејсбук од бутици за чевли
Пред една недела купив вакви во Мана- Ново Лисиче за 490 ден, ама последни беа. Провери на Првомајска може има останато.
имаше попуст на облеката од бершка во Fashion house of brands во тетово, но не сум сигурна за облеката од зара. се надевам ви помогнав
Еве, ако ти се допаѓаат вакви има. Ако не, можеби некој друг модел ќе ти се допадне. Spoiler Имаат Фејсбук профил - Уникат Битола и вршат испорака низ цела Македонија, само исконтактирај ги во инбокс Линк: Spoiler http://www.facebook.com/photo.php?fbid=273618962721585&set=a.121630157920467.30599.100002204515626&type=3
Извинете што овде пишувам , поотварана тема е , може некој ќе знае , веќе подолго не можам да најдам бронзер течен како пудра, имаше порано еден мн добар од ревлон престанаа да го произведуваат, потоа едни малце потемни од макс фактор и сеа и за тие викаат по парфимерии дека веќе не ги носеле , ако сте виделе нешто слично во било кој дел на градот кажувајте tnx
сара фесхон на рекорд,сум видела околу 300 а во интимисими над 1000,можда се поквалитетни,а лани купив од џамбо,ок се,ама 2-3 пати ги носев и кеоја намена посебна не им најдов.
На Шутка, 750 ден, иста боја, светла минт, цевка, со ликра, и плус каивче-златно синџирче, мн беа убај