Дали има уште од хеланките што беа како фармерки (боја на фармерка поточно) во Евроазија? Последиот пат кога бев немаше, па да не донеле случајно пак од тие? Ии каде ги има оние хеланки што се баш како фармерки (во боја)? Низ цел град гледам носат, најчесто црни. Мислам дека имаат и џебови и оние копчињата што ги има кај сите фармерки ги има. Ако некој знае ?
Пред неколку дена видов во Еуроазија мислам дека беа 500 денари, во делот со попуст на Бершка гардеробата.
Девојќи ако некој бил во Еко или Елит во последно време може да ми каже дали има вакви ташнички и цена? А ако нема, каде би можело да има?
Хеланки како фармерки имаше во Sara Fashion на рекорд на автобуската, не знам дали уште има ама можеш да провериш Едит: ботони? каде се наоѓаше? не ми текнува баш...
Ботони се наоѓа на први кат во трговски. Значи влегуваш од онаа страна што гледа накај плоштад и одиш право само. И ќе видиш реклама голема со розеви букви БОТОНИ и ќе свртиш лево. Инаку јас бев во Ботони скоро, и не видов вакви обетки. А детално го измеркав накитот . Можеш и да порачаш рачно да ти ги направат.
Моментално купаќи имам видено само во Њу Јоркер, цената им беше посебно за горен, а посебно за долен дел, горните делови беа околу 800-900, а долните околу 500-600.
Ќе мораш многу да се потрудиш за да најдеш. Јас не сум видела во скоро време нигде, а прилично многу шеткав Знаеш кај нас се носат само трендовските бои, а црвената не е во нив. За жал! А да, прашував по шнајдерки ми требаше и мене поспецифична боја и тие што шијат со нивен материјал шијат кремасто, сино, корално, праска и зеленкасто.
Фемина и Марама, нешто слично видов во Купи евтино во Влае,ама кројот и не го запазив баш. Ама сигурна сум дека беше сако и дека беше бело
Црвено сако имам видено овде https://www.facebook.com/profile.php?id=100003278821261, е сега немам поим како се порачуваат, веројатно треба да им пишеш приватна порака. Изгледа вака: Палтава ги најдов на sakampopust.mk и таму беа со попуст, но сега веќе ги нема. Не беа многу скапи, мислам дека беа 1200-1500 денари.
тексас јакниче така пократко со долги ракави?Видел некој некаде плс??Само да не е над 2000 гледав има во манго и мотиви ама 3 и нешпто се..тоа е ту мач позз
Кад можам да најдам антилоп материјал? Ваков е од прилика и ми треба во зелено-тиркизна боја. Инаку материјалот е познат и како обрнета кожа. Неможам да објаснам, се превртев никаде неможам да најдам.