Aко бараш Мајкл Корс во Скопје, нема. Среди да ти донесат од странство или ти кога одиш купи си ама само да ти кажам дека се над 250 долари. A за некои слични, неоригинали побарај по бижутериите сигурно има, ама под 300 и таму нема да биде. А мартинки ако сакаш оригинал нарачај си преку страната на Impact Shop Skopje и ти се околу 150 евра. Провери и Конверс може останале а имало по продавниците во ГТЦ за 4000 само треба да прошеташ. А ако најдеш некаде Газела (ако уште постои било каде) има за 200 денари чиста кожа. Другар мој си купи, ептен се издржливи вика ама мислам дека Газела сите ги затворија.
Домино, работава беше да се најдат за наш џеб инаку знам како оди тоа со оригиналите .. Нејсе, ако некој примети нешто слично на стварчињава со пристапна цена , стварно ќе ценам ако ми каже во лп или тука.
Побарај на ioffer.com или на amazon.com,сигурна сум дека ке најдеш ист часовник или пак сличен за пониска цена,а ако немаш преку кој да ги порачаш на facebook пронајди ги kupi online и тие ти доставуваат до дома се што ке посакаш
да не знае некој каде има вакви nike маици во скопје? http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 8359_n.jpg
Луѓенца кај да најдам вакво кремасто плико ? Ама лакирано големо кремасто плико Најдов црно и црвено, крем не .. Или мали се или не убави
aj пак да си се цитирам И кај да најдам убава шушкава јакничка? го поминав цел град не можам никаде да најдам нормална јакничка. Имаше во њу јоркер 2500 гледам ги симнале на 1300 ама жолто со плаво се, таа што ја сакав бела со малку плаво и црвено ја нема. ако имате загледано некаде слична,спортска, не мора да е типичен шушкав материјал битно да е пријатен по можност бела основа да има известете ме. се напнав денес Едит нешто слична јакничка како девојкава во спотов барам
Јас видов во чаршија пред некој ден вакви плика во повеќе бои. Прекрасни беа,ама не ми текнува на цената.
Дали некој знае каде да најдам црно или крем најобично сако, евентуално со подвиткани ракави, или шарена постава... цело Скопје ги носи а јас никако да најдам! Обично или се многу сјајни, или големи, мене S/XS ми е таман. Цената не ми е многу битна. Help?
Во Шутка од 500 денари до 1000ка. И во Еко од 750 ден до 1200 ден. Јас си купив пред недела дена од Елит кремасто со подвиткани ракави, С, 750 ден.
Ваков во Евроазија имаше, околу 2000 беше. Инаку јас одам на екскурзија наредна недела, и ми требаат балетанки. Јас воопшто не сакам балетанки, ама планирам да си земам повеќе секојдневни фустани за преку ден, па да не ги носам на старките, не ми се многу удобни за долги одења и да не ми се варат нозете. И ќе ве замолам да ми кажете каде има ефтини балетанки, затоа што нема многу да ги носам, па да не давам мн пари. Исто така ми треба шушкавец јакниче, тенкичко за на тренерки. И мајца со британското знаме (гледав во Њу Јоркер, ама 700 денари не ми се даваат) И купаќи кај можам да најдам (по нормална цена). Тоа е, доста замарав
Поскапи се таму,а и во Jordan видов ама мислам дека немаше еднобојни. А во чаршија,па не знам како убаво да објаснам,од десна страна е продавничката. Нема многу продавници,прошетајте и влезете во сите,сигурно ќе ги најдете.Плус и поефтини се.
Во мега фешн има, тоа е кај мида моторс од страната на илинденска позади боними му доага,ново мислам дека е отворено има пишано -50 % -70 % убави работи има и од марки и ефтинки се а има голем избор, ја си купив едно сако, 999ден класнично онака тредновско а има ти такви фустанчина со срце деколте
Ме интересира дали знаете како се движи цената на црни балетанчиња обични таму, сакам да направам споредба дал да купам овде, или таму, што би ми било поефтина опција?