Конкретно змискиот принт е важен? Баш денес гледав плик ташни прилично големки со змиски принт во три нијанси мислам, во Jordan во ГТЦ на приземје.
Девојки проверете во Беверли трговскиот на први кат има продавничка за чевли (не ми текнува дали беше означена со име), но е во средниот пролаз, веднаш до бутик за венчаници, има такви патичиња платнени и балетанки исто така, а се прилично ефтинки. 450 беа патичињата, а балетанките 550. Јас си земав балетанчиња плаво бели многу се цаканки, поздрав
феминки може ли некој да ми каже дали во скопје или некој друг град во македонија има vans патики ве молоам известете ме
Има во Скопје Vans патики. Имаш во madness во центар, во Бисер на втори спрат гледа накај тобако (имаше порано, ваљда уште постои), и има мислам во т.ц. Беверли.
Девојки да ве замолам да ми објасните каде се наоѓаат Магија и Пренди во Центар? Сите ми зборат дека имало убави и ефтини работи а јас никако да отидам... Ај ве молам некој да ми појасни како да ги најдам продавнициве фала однапред
пренди во центар е одма на главната улица на која се наога олимписки базе нема шанси да ја утенш бидејки со големи букви пишува се за 220 ден.а за тие што се во чаир и карпош не знам да ти кажам пошто никад не сум била таму се надевам ти помогнав и имај си убав и квалитетен шопинг па те чекаме да се пофалиш
ефтини патики...скопје?Човече па не ми се даваат 3000-4000 ...пара е тоа бе...а не барам незнам какви со свила па да ги дадам толку пари...незнам а па незнам од бит пазар такви никакви...кај борис трајковски како се движат патиките знае некој?
За во центар ми треба се надевам нема да утнам штом е на улицата кај Олимписки фала ти мн мн за одговорот
Да не сте виделе негде сандали во златна боја, нешто слични како на сликава, ама со повисока штикла? Или уште е рано за сандали, а?