Lovelife, и во двата аутлети кај Борис имаш огромен избор на Адидас, Најк, Ридбок, со врвки, со лепенки, за вежбање, за секој ден, избор на броеви , модели и бои, од 2000 па нагоре
Корисен Шопинг во Охрид Ми треба добар совет за евтина квалитетна облека во Охрид,порано купував од Авангард ама сватив дека ем е многу скапо ем не е квалитетно.Очекувам некој добар совет
Ми треба убава ташна,бела,со крем рачки ,ете таква си замислив.Докај 1200 ден.Ако видите некаде,пишете ми Нешто вакво
Дечки знаете ли каде се најефтини фудбалските дресови, и како се движат цените. Сакам да си земам нов на Челзи
Карина,викендов бев Шутка,имаше една тезга со дресови беа 300 ден и во една продавница за чевли исто имаше по 400. Меѓутоа не беа нешто квалитет ,ама за 300 ден ќе ти завршат работа
А во Гтц низ тие продавнициве како се движат цените знае некој ? Да знам дали се исплаќа да одам до Шутка, инаку не ми е битен квалитет.. да ми е за тренирање ми е битен, ама онака ми е само да си имам
Девојки дали некоја знае каде е сега Магија продавницата, бидејќи таа до Пренди во Карпош ја затворија. Плеасе
Сакам патики нешто од овие модели ама ефтини и да не се марка дека ми требаат за мајка ми за секојдневна физицка раб ај кажете кај можам да најдам вчера бев на бит пазар не најдов ако знаете некое др место кажете до 1 000 ден да е цената.фала ви
Ај од ново да се цитирам, вакви слични чевлички, ама поквалитетни, не е проблем и да се малку поскапички, од Аванти како картон се, и башка една феминка ми пиша ужасни се за на нога, и ве молам за сако информација, ама ве молам, ич не сум во состојба да шетам
Во ЊуЈоркер, по 800 ден. се, ама не сум сигурна дека има тегет, сигурна сум дека имаше црни, бели и светло сини ко фармерка боја
Hе сум видела такви на друго место освен Aванти, еве и во шутка ги имало истите, 1500. A сум разгледувала низ дуќани за да видам слично нема. Tеа, дуки и дасо ти се убави новчаници, 400 денари се по бижутериите, ама квалитетни се, а за обичен и поефтин имаш на пазар, шутка битпазар...
На битпазар, на тезгите што се кај училишниот прибор, имаш избор колку ти душа сака.Јас еден 200ден. го купив пред 2,5 години, го утепав од носење сеуште нема ни распукано ништо ништо,милина е
Дресови има во ГТЦ на спрат, до една продавница за чевли, карши Милениум, ама точно цената не знам, одамна имам влезено. Ама скапи не се сигурно.
Девојки каде можам да најдам циркони за фустан што се ставаат со пегла??? Разбрав дека имало на т.н женски пазар во Скопје.. Каде е тоа поточно?