баш тие со пегла што се лапат не сум сигурна, но јас купував преубави за на фустан се шијат, а и тие ти се многу по сигурни,цврсти
Каде да најдам некои вакви сандалчиња во Скопје? Да бидат средно височки и најбитно удобни за носење. Сакам да се нежни,сребренки(металик) и може да имаат по некое ситно цирконче.
енца вакви исти неам сретнато на др места освен аванти што ги имаат тие модели, е сеа слични но поквалитетни еве во баргала единствено http://www.facebook.com/photo.php?f...46791007.25626.130684790333726&type=3&theater, овие се модел од лани, но провери можеби има некои нови и слични модели. Инаку баргала држат Свон шус имаш позади собрание и беверли чинам, поздрав
Планирам викендов да отидам со другарка во шутка да видиме што ташни има.. Па да ве прашам со цените како стојат и со модели? Има ли нешто убаво?
Dreamcatcher има во SEWA, а можеш и сама да направиш, пребарај има доста туторијали на интернет, едноставна е изработката, а ќе биде поубаво и уникатно.
Не ја затворија туку само и го сменија името и сега има повеќе избор, повеќе роба. Иначе јас барам прстенче што менува боја според расположение. Баш прочитав на форумов некој прашуваше али неможам да најдам Нешто вака изгледа
'Сева' има на повеќе локации. Јас ги знам во Беверли на кат до Стопанска банка, една има пред чаршија - значи го поминуваш Камени мост и од десно во зградата Ибни Пајко, и има на плоштад, само не знам дали на улица Македонија или таа до неа - се гледа продавницата од плоштад. А за цена не знам точно да ти кажам.
каде можам да си купам корсет само не оној курвиниски со го има во секоја втора пордавница!! и шешир вков?!?!?
Хелп. Сте виделе негде низ градов нешто со панда? Да речеме блуза. Или прстен. Или ланче. Taшна. Венче. Привезок. Енитинг, но тоа да не е од Accessorize каде едно смотано прстенче пластично со панда е повеќе од една црвена пара, а не вреди ни железна монета реално. Тенкс
Корисен Шопинг во Охрид Здраво Мои! Во Охрид можеш да влезеш во Ники, мене многу ми се допаѓа! Мислам дека не е многу скапо, а и квалитетно е. Баш пред некој ден влегов и во О'Нил,ама да бидам искрена ништо посебно не ми се допадна. Исто и во Модатекс има убави работи, секогаш можеш да си најдеш нешто за многу ниска цена. Исто ти препорачувам да одиш и во Би Ју( тоа се наоѓа во улицата карши Форнетите), секогаш има нова роба. Има и еден бутик "Леа" кај чинарот, наспроти Extreme Intimo. И таму можеш да си најдеш убави парчиња. Се надевам дека ти помогнав