Од прееска се врткам низ темиве, никако да се одлучам кај да прашам, па на крај се одлучив тука. Ако сум згрешила нека преместат али никако да ме бришат. Е вака, значи замислив фустан, најдов шнајдерка, бев на консултации и све то. Шнајдеркава ми кажа да купам материјал некој си „тафта“ колку што го гледав по слики некако многу светликаво ми делува, а јас сакам обичен материјал без никакви светки и преливања. Е сега прашањето ми е дали има некој што купувал ваков материјал, и дали има обични, не светликави и која цена е на метар? И уште нешто, каде може да најдам убав златен украсен патент?
Вчера видов во Теранова и веднаш се сетив на поракава Имаше маички со панда , беа на попуст 299 ден. имаше околу 5-6 останати Видов исто во Теранова , ама тие ги видов пред некои 2 недели , сега не разгледував толку, но бидејки имаше многу и во разни бои , провери можеби уште се таму, а ако нема таму види и во Рамстор во Калиопе таму често држат такви кошулки боди, и јас од нив си зимам
Најубава,претпоставувам за долг фустан си купила материјал.Или како и да е. Материјал што убаво паѓа и не светка ќе најдеш на женски пазар.Појди во било каја и прашај да ти покажат од оние материјали што убаво паѓаат и што ги земаат за долги фустани Јас незнаев да објаснам и така им кажав.Мислам дека беше жоржет со ликра,ама да не те излажам.Имаш убави бои,а и не е скап 200 ден метро. Исто и патент ќе најдеш таму Mатеријалот ќе му дојде вака нешто Spoiler
Прашав во Апсолвентско фустанче, ама не добив одговор, па еве и тука да си ја пробам среќата Деновиве ги разгледувам на нет колекциите, а наредната недела планирам да тркнам до Солун. Најпрво да кажам дека можеби мојот избор некому ќе му изгледа премногу обичен, ама тоа е, таква сум јас, не сакам да изгледам како матурантка, кога сум апсолвентка, мажена и со дете Имам во предвид две комбинации, од вас барам сугестии што е во ред, што не е, што треба да се смени, изфрли, додаде... Првата комбинација... едноставна, "класична", во понеутрални бои кои ми се поблиски, најчесто ми се во секојдневните комбинации, па поголема е веројатноста после апсолвентската вечер повторно да се најдат на мене, во прв ред мислам на сандалите. Во врска со ташната... Дали ваква messenger handbag доаѓа во предвид наместо плик-ташна Од накит би ставила некои големи обетки, прстен и евентуално алка. Втората комбинација... мислам крајна спротивност на првата, јаки впечатливи тонови, актуелни за оваа сезона. За "главна" ја избрав темно сината, а како освежување - портокаловата и дречиво розевата (циклама). ташна... има една баш со овие бои, основата темно сина, а останатите две портокалова и дречливо розева во Авон кампања 7, не можам да најдам слика сега, ќе ставам дополнително Вака со сликите малку личи на каша-попара. Не мора баш со тие модели, фала богу не значи дека се' од ова ќе најдам и во нивните бутици, мислам на комбинација.
Rainlover, ако сакаш подоцна сето тоа да го носиш како што си пишала, тогаш мислам првата, само да не те разочарам, моделиве се од Бершка ако не се лажам и не очекувај да ги најдеш сите и во продавница како што си ги видела на интернет
Rainlover мене двете ми се допаѓаат и како што кажа се малку по обични од оние стандард апсолвентските, но мене ми изгледаат како одличен избор. Која и да ја носиш нема да згрешиш (ако успееш да најдеш нели) само забелешка за чантата, некако премногу ми е секојдневна, плик сметам би бил посоодветен избор. И ако ме прашуваш мене, јас би се одлучила за втората
Rain, уште и точно ако ги погодиш боите како што е во првата комбинација, таква зелена нијанса и онаква, јас ја викам лајно боја ќе добиеш од мене десетка за замислата! Не е ништо посебно можеби комбинацијата, но преубава е, и кондурите се одлични. И да да таква ташна! Батали плик, преку глава веќе од плик ташни. Кој што прави, само плик Башка што ќе ја искористиш. Ако планираш да идеш до Солун, трк до Зара и до Стради, знам дека у последниве колекции имаат вакви ствари, мислам дека ќе најдеш лесно. А онаа кафеава нијанса се носи така да без гајле, сигурна карта ти е тоа. Иако, да признаам, тегет хаљина со циклама или онаква корално розева боја на штикла е одлична варијанта исто. Корално розеви штикли, ептен елегантни и едноставни но убави има во Зара, ама се затворени, да не се поти ногата во нив не знам. Провери можеби ќе имаат. 15 евра коштаа јас кога ги гледав, ако не се лажам.
Значи .. се разочарав! Насекаде барам кремаста (лакована) плик ташна! Ве молам кажете ми каде имаа! Освен во Боди Лајн , тој ми е премногу голем ..
Kasandra123,во ГТЦ, доле продавницата Дијана (има марами,бижутерија) и има многу убави плико ташни.Ама цените им се над 600/700
rainlover, првата комбинација е повеќе од одлична, баш затоа што не е стандард апсолвентско-свадбарско издание. Таков отвор на фустан горе плаче за гердан, краток значи, не ланче долго, и крупни камчиња да се на него, или не мора па камчиња, сеедно. Браво за идејата, пример како треба да се изгледа. Единствено имаш големо не за ташната, ама ич не е за апсолвентска прослава. Се` друго е најнај, да си се облечеш баш така!