Некој да ми објасни (може и по ЛП, може и на темава) во Битола каде има продавници со фустани и чевли со нормални цени.
Аа девојкии,каде има евтини балетанки кремовки или бели ми требаат,планирам утре накај чаршија да прошетам па ако знае некој каде има нека ми кажее
^во новата продавница на самиот бит пазар,одма карши автобускта, незнам како се вика, ново отворена, имаш голем избор на белатанки во сите можни бои.
^ Сите се по 279 денари. Стварно се преубави и балетанките, како и сандали на полна пета кои беа 400 и нешто денари. За живо џабе ми се, обавезно утре си купувам 2 пари минимум.
^^ Стварно се супер балетанките а и сандалките.. Јас вчера си купив две рала балетанчиња по 275 денари..Не носев доволно за да си купам и сандалки ама тоа е тоа... Изборот е голем така да има за сечиј вкус
Девојки, има ли попуст во некоја оптика моментално? Се заљубив во едни наочари ама некако многу ми се 7000 ден
Може некој да ми објасни каде поточно е таа продавница кај Битпазар кај што имало балетанки за 275 денари чинам кажавте. И какви балетанки, не дека барам којзнае што за таа цена ама да не се па некои ептен крш.
Продавницата се наога одма после сендвичарата, тука е после автобуската одма, нема шанси да ја промашиш, голема е и на излогот имаат зaлепено разни цени. Jас бев пред некој ден, цените се ок има убави сандали на платформа, цветни, црвени во сите бои, по 400 и нешто денари, не ја паметам точно цената, има голем избор внатре, мене лично ништо посебно не ми се допадна освен сандалите на полна пета што се. Балтaнкиte не има беа кој знае што.Ама сепак оди, можеби ке најдеш нешто што ке ти се допадне. Има многу убави балетанки сандали и штикли, во погорните продавници само оди право тука се до Ил камино.
Фустанот и чевлите се баш од Зара и Страдивардиус, и мислам дека ќе ги најдам. Единствено сакото од Бершка да ми направи проблем - да е продадено веќе, или да нема мое бројче.
Девојќи сте сретнале ли некаде портокалови балетанки? Најобични и едноставни евентуално со некоја малечка машничка напред. Барав, не можам да најдам а не ми се чека и нив да ги порачувам од странство.
Еден искрен совет, бев минатата сабота во Солун, со намера за добар шопинг за апсолвентска, и јас барав вакви модели на фустани и не најдов ни во Зара, ни Бершка, ни Х&М нигде. Ни во продавниците во градот, ни во Космос тие. Палтото во Бершка исто така, не видов такво кога бев, имаше само неколку палта стуткани, ваква боја не видов. На интернет страните имаат се и сешто, а во продавница ама баш ништо од тоа. Тоа што го имаат изгледа сосема поинаку на слика отколку во живо.