Каде да најдам вакви, само крем боја..битно ми е да имаат каифче..независно дали вака како на сликата..или погоре кај зглобот
qqq истите крем ги има во аванти, и во шутка(таму се поевтини) badem4e, мислам дека знам за што зборите.Кога ќе ги поминеш скалите во средина во ТЦ што се, од десна страна горе во стариот дел има еден бутик,за него мислиш?
Девојки, каде може да се најдат обични црни балетанки (без цветови, машни и чуда) не многу скапи, некаде до кај 700 денари?
Најобични фармерки, сеедно темни светли, само да не е струкот плиток, нормална висина па и повисоки нека се, итно ми е. Фала ви многу.
Имаше балетанки јас си купив од ЊуЈоркер пред пола месец, беа 669ден. само незнам дали останале уште.
^задниот дел на тезгите, кај калдрмата,на самиот почеток тука има и голема тезга за училишен прибор, а и карши таа тезга кај часовниците имаш уште 1/2 тезги, навистина имаш голем избор
Фармерки каде има по поволна цена,сакам да кажам не многу солена цена Во Струмица Бев во Енџлс има таму на попуст по 800 ден. ама не се баш нешто,по мој вкус.Јас сакам цигаретки,цевка панталони,фармерки Едит:Да прашам право и каде има пижами На долги,кратки,летни
Дали некаде се наоѓа црно шушкаво елече? (како од монтка) Имаше во Пикокс, ама сите беа распродадени...
Во Euro Asia, има такво елече околу 500ден знам го купи сестра ми.Не е дома моментално,би ја прашала, ај нека си дојде па ќе ти пишам по ЛП
Пижами баш како за овој период, потенки имаш во Динамика чинам се викаше продавницата, некаде спроти судот ќе му дојде, во тој ред на продавници кај фотокопирот. Многу убав избор има, и по цени и по материјали, дезени. Исто имаш и во трговскиот, доле на приземјето. А фармерки ќе провериш пак во трговскиот, во дуќаните спроти Тинејџер, т.е. на задниот влез на Глобал - како му доаѓа? Во редот на Red - онаа за бижутерија и џиџи миџи. За жива глава не ми текнува како се викаат бутиците, ама два се, со најубави излози - ќе ги познаеш. Јас секогаш од таму купувам, имаат супер избор и со секакви цени.
Брендиран машки саат, најважен ми е квалитетот и да е до 2000 денари. Го сакам овој од Орифлејм, ама повлечен е од продажба, а не сум зачленета во Орифлејм и сфатив дека морало да си зачленет па да видиш во продавниците дали го имало за да го купиш рефус. Чаре? Итно ми е. http://mk.oriflame.com/products/product ... Code=23976 Купив еден на Дуки Дасо и чисто сумњам во квалитетот Некоја зачленета во Орифлејм да ми каже нешто за саатов, или некоја феминка да ми препорача сличен за слична цена?
Кај нас во Битола ваква суќна имаше во Теранова. Нежна розова и црна боја. За цената не сум сигурна, ама беше некаде околку 1000 ден.