А ја па сакам да си купам убаво, а евтино црно сако на 3-4ти на закопчување до кај 600-700 денари да е. Каде? И да не биде она што цело Скопје го има, на ракавите риги или цветчиња, не таков модел.
Во редот кој гледа на самиот булевар, кога од бит пазар одиш накај мавровка, огромна е, нема шанси да ја промашиш. Се вика hangaar
во веро еssle или така несто слицно се викаа ептен лесно се местат 180-200 ден така несто беа јас дури ги пресеков на пола па 2 пати си местев преубави се
Во маркетот во Веро центар, кај што стојат вештачките трепки, има повеќе видови, јас го имам тој што е во пакување како оние тестери за парфеми од Авон или Орифлејм, околу 80 денари е а баш лепи.
Каде да најдам убави машки манжетни за кошула и каде да најдам лаванда боја на салонки и ташна ништо пренакитено ,едноставни . Вака нешто. Цел ГТЦ и Рамстор ги пребарав и никаде нема.
а си проверила на самиот влез во гтц од кај бензинската, тука од десна страна таа продавница имаше секакви весели бои на штикли
Ги имаш во Веро-Центар речиси сите производи. Ги имам и на друго место гледано (мислам Космо-Тинекс), но во Веро е најснабдено.
Старфиш, лепак имаш во Џамбо, и тоа добра количина, а цената е 119 мислам. Не повеќе од толку сигурно.
Имас лепак и на Бит Пазар едниот е 60 денари другиот е 30 денари меѓутоа јас нити со едниот нити со другиот не си ги залепив трепките Така да подобро е да си земес некое поскапо лепаче затоа што ке ти трае со месеци
Ако може некој да ми каже каде има долги шарени фустани ,бремена сум и неможам многу да шетам а и во продавнициве за трудници кај нема избор и цените се премногу високи за обичен долг фустан.Незнам сликава дали ке се постира ама мислам дека знаете на какви фустани мислам . http://www.singapore.la/img/Amazing-Long-Dress.jpg
Ве молам за помош во мојата потрага по вакво фустанче...Делот кај рамената ми е важно да биде како на сликата. Или ако наидете на слики со слично на ова, постирајте плс