Кај да најдам вакви панталони како на Росонерка, слична или иста боја? ( Се надевам Роси не се лути што ја употребив нејзината слика ) Spoiler
Девојки барам од оние ко градници што се лепат на градите. Арно ама ми викаат стандард биле големините. Знаете дали имаат големини и каде да барам? Ако е тоа стандард јас што го видов ондак треба од грб да почнам да го лепам за точно да ми е
^ Ја имам видено во Џамбо и се чудев што бараат таму, збутани беа онакви месо боја што се лепат, е не знам баш колку се „сигурни“ дека ќе се залепат добро.
Марамке и јас сакав да си земам од тие силиконските ама најдов подобар . Напред е како обичен градник и од страните продолжуваат мали лепенки и не се забележуваат воопшто. Доаѓаат негде под пазувите А силиконските во секоја продавница за долен веш ги има. За големини не знам зошто кога го најдов овој не прашав за силиконските
Мислиш на оние како селикони што се? Јас си купив од Зелено пазарче и има величини. Баш јас пробував два броја (не ги лепев директно, туку само така ги ставив на градите да видам дали ќе ми одговара).
Мене фустанот ќе ми е отворен негде до половината, малку над неа. Е сега денос тој силиконскиот што го видов огромен ми беше. Јас значи ич немам гради ми треба нешто мало. Друго чаре нема освен таков или?
марамке да те прадупредам, немој да купуваш! Ок, јас лично не сум задоволна од нив, може останатите феминки ќе речат поинаку... јас малце се запотив, значи мааалце и ми се одлепија... нормално! Тоа за на скроз сува кожа е. Јас одамна ги купив и еднаш ги носев. Никогаш повеќе. А иначе ги има во секој дукан за долна облека.
Тебе мислам дека 75ка ќе ти одговара, инаку наспроти поранешно Трафик, одма до двете продавници за кондури има една друга продавница, не ми текнува сега дали беше за долен веш, ама сигурна сум дека и таму видов. Иначе друго чаре е да одиш без градник. Едит: јас ги имам носено на 4-5 свадби и никогаш не ми се одлепиле.
Јас немам проблеми со неносење на градник ама незгодно ќе имам професори таму Ф.ала ви ќе гледам да најдам решение
Марама има во Сара такви, на плоштад пред да влезеш во ГТЦ, 3 величини се. Јас сум презадоволна, ни мрдна ни излезе цела вечер, ко да не носев. А од оние гаќите на претходната страна во Пенти баш на ул. Македонија.
Јас имам вакви, ги купив од Топ-Шоп пред некое време.. Мене не ми паѓаат, ама не ми се допаѓа тоа што ама баш никаква форма на градите не им дава . Инаку и јас имам видено на зелено пазарче..
девојки вака да ве прашам нешто значи ми требаат бикини - едноделни е сега не знам каде и какви да си купам земете во предвид тоа дека сум трудничка 5ти месец а и полничка сум. ако некој знае и ако видел некои убави едноделни нека каже јас гледав ама некако немаше броеви како за мене сите ме стегаа
Сакам да ве прашам дали сте виделе некаде мидер со ногавици (до колена нормално) ама помал број, секаде ми даваат огромни броеви над L, а мене ми треба S или M, морам да влезам во една сукња што ќе ја носам наредната недела ама малку ми е тесна и многу ме оцртува бидејќи е памучна. За во лиска знам дека има, ама барам и нешто поефтино до кај 400 денари. Ај хелп е молам
Сте виделе ли вакви патичиња,или слични низ Скопјево..? знам дека има зеленкасти у Њу Јоркер али само 42ки имаат останато.. Хелп, ве молам