Јас колку што знам нема во МК Алдо. Јас секогаш кога одам во Србија купувам таму чевли од Алдо, зависник сум од нивните прекраснотии од чевли. А ако имало во Ск Алдо, а јас да не знам, ќе се отрујам.
Каде да си купам од оние блузите како развлечени што се во горниот дел..Немам време за шетање неделава, мислев денеска али протестиве ми предомислија. Ако видел некој некаде, нека ме извести.. Не ме бива за објаснување, па еве, вака нешто.. Горниот дел да биде ваков
Euroasia/Bershka дефинитивно, има и тексас и во боја, тие што се во боја ги има виолетови,зелени,плави и жолти и се само 500 денари, јас си купив. И тексасот не беа лоши ама не видов цена.
Теранова , е сега материјалот беше повеќе како свиленкаст и беа доста шарени, ама разгледај ако можеш И во Евроазија обично има вакви маички
http://data.whicdn.com/images/27460978/ ... _large.jpg јас едоставно се затрескав во штикливе..па сега ако знаете каде можам да најдам вакви,ваква боја и модел во Скопјево? и по која цена? фустанчето ми е ваква боја http://weheartit.com/entry/28438664,кратко,како топче горе..сакам да го носам со вакви штили и ваков лак на ноктите. :Д што мислите?
Ама во Евроазија имаш и ѕвонарки по 100-200 денари од убав тексас, па после можеш да ги скратиш и такви со ресички да ги направиш.
Вакви исти штикли има во ГТЦ, не ми текнува на името на продавницата но мислам дека беше во редот на Пеко т.е карши Евроазија.