Би требало да има во продавниците Анжи (Буњаковец и спроти Градска болница, кај автобуската) и во Стружанка.
На главната улица на Битпазар од страна на Мавровка има еден дуќан за балетанки и сандали на платформа. Цените се движит од 375 за балетанки до 1300 на штикли. Има и пуна пета за 700 денари
Во Стружанка има ,а прават и по нарачка . Јас зимово земав за син ми ,цената им е околу 700-750 денари .
Фала Лионесс ,а во која Стружанка ? Зошѕо прашав во онаа во гтц доле во подрумот ми рекоа дека немале ,можеби ке добијат за десетина дена а мене тоа многуми е за чекање
^Вакви цветни има во Аванти, на повеќе бои. 1200 ако не се лажам. Него јас пак со металната огрлица, плус сега и тексас тенка кошула ако знае некој да ми каже кај има...? Spoiler
И јас ја меркав огрлицата ама тука немам видено таква. Најдов на eBay и планирам да ја порачам преку посредници и да си платам за услугата. Знам дека беше некаде 7-8$ плус достава. Ако те интересира повеќе пиши ми ЛП.
Дали некој знае каде може да најдам ваква суќна ? Битно ми е да биде со тул и да биде кремова и одприлика оваа должина.
Тул сега секаде има... Барем јас само него го приметувам Знам дека имаше во Теранова сукњички од тул, само што беа пократки. Помини види дали би ти одговарале на тоа што си имаш замислено.
Јас досадна станав на темава. Draven shoes има кај нас? Spoiler Или некои слични на овие A за Vans за вакви прашував. Spoiler
VANS имаш на неколку места во Скопјево: Madness во Центар, Influence во Лептокарија, X-Shop кај Соборна. Ги немам одамна посетено и не знам дали има вакви патики, но можеш да провериш. Нешто слично на првите има во Roxy во црвена, зелена, плава боја (еднобојни). Имаше и во New Yorker, но мислам дека веќе се потрошени и нема избор на бои, ниту пак броеви.
Како првите, да се надополнам со постот на Оксиморон, дека во Њујоркер има. Јас како што гледав деновиве имаше и бројчиња а ги има две врсти. Едни се сиви со бледо розевко, а другите ги заборавив какви беа. Инаку 700 денари се.