Каде да најдам кремови салонки со ремче ? НЕ стојам многу добро со пари, некои поевтини докај 1000ден може да се најдат,на битпазар кај тоа продавничките,шутка? Ај ве молам некоја што била нека ми каже
Пред една недела бев во Скопје јас, и во ГТЦ ни делеа едни флаери од една продавница. Продавницата е таму, незнам како се викаше, ама имаше убави чевли. Имаше кремви салонки, мислам дека беа со ремче, 800 или 900 беа. Со висока штикла, ептен.
Ќе може ли некој да ми каже по која цена се движат сакоата во евроазија? И што бои има? Или општо каде има сакоа во боја( по пристапна цена(1000-2000)?
Итно ми треба кутија за пдароци од оние украсните? Ако знае некој да ме упати во која цвеќара? Фала однапред
Здраво сакам да прашам кај се наога аванти на бит пазар секогаш ко идам неможам да ја најдам,и дали бит пазар работи во недела и до колку позз
Доколку си од Скопје има многу убави кутии во Лисиче ке му дојде карши поштата. Прашај било кој таму сите ја знаат. Можеш и да си порачаш за еден ден ти прават каква големина сакаш и боја.
Од попознативе ми текнува на Џамбо и на Сева, ама имаш на многу места. Ѕирни во некоја локална цвеќара или џиџимиџарница или гифт шоп, и ќе најдеш нешто сигурно.
Имаш во Сева, ама се изгор скапи. Тие минијатурните се по 250-300 години. И колку поглема - толку поскапа. Ако ти треба малечка ок, ако ти е за нешто поголемо побарај во Џамбо, поетинки се. Можеш и да купиш еднобојна, па однеси ја во цвеќара ќе ја напраат баш ПОКЛОН Имаш и во една кинеска продавница после камени мост кога идеш накај чаршија, ама и таму се скапи како во Сева.
одма коа влагаш во чаршија од страната на пазарот нема шанси да ја утнеш пишува со големи букви Аванти башка една продавница за чевли е таму.До нејзе има сендвичара ако не се лажам а од спротива продавница за ташни и Европа за благи работи .Како и да е не се утнува Иначе работи пазарот и во недела мислам дека до 4-5 така нешто .
каде да најдам чипкани црни прерамчиња за градник, неам побарано никаде, утре ќе барам па ако некој видел некаде и знае колку се, ве молам пишете
Мислам дека имаше во Еми (Буњаковец) на метар како чипкани ленти, е сега, не се прерамчиња, ама може да си ги зашиеш сама тие делчињата после и ете прерамчиња .
Каде да најдам ефтини секојдневни балетанки ? Во онаа продавница кај битпазар има ли нешто убаво и како се диважат цените? Друго место да ми посочите, немам време да барам полагам овие денови па одма летам за Америка и мора да завршам се во брзање.
Имаш по продавниците на Бит пазар кај автобуската станица, а ако мислиш на онаа големата кинеска продавница, јас барем ништо не најдов за мене, ама провери си.
Тенки каивчиња? Конкретно ми треба црвено. Немам време за шетање, некои други места освен Еуроазија, Теранова и Њу Јоркер? Таму и онака ќе проверам Благодарам