За роденден на другарка ми и земавме ваква жолта од Њу Јоркер, ама пред еден месец беше. Имаше и прљаво бела ако не се лажам.
aloe vera gel na Zuccari najmalo pakuvanje vo kesicka cini okolu 80-90 denari ,mozes da go najdes vo zegin i vo drugite podobro snabdeni apteki. Se nadevam deka pomognav!
Девојки знаете ли кај тој што продава на една тезга кај Теранова кај Пикокс таму колку пари се ланчињата бувови? Другарка ми видела ама не прашала. И ме занима кај да најдам за тие како сунгери за голема пунџа правење, како мрежички што имавте постирано. Рековте на пазар ама на кој пазар поточно, загледував не видов.. а не знаат ни што барам повеќето продавачи ? Ако некој купил од некаде нека пише баш ми треба.
Карина, бувови имаш на бит-пазар, кај бугарите. А прилично други интересни работи има, истите што ги има во бижутериите низ град. Другарка ми се мислеше за прстени во една бижутерија, еден 100, друг 200, кој да го купи... јас овде двата ги видов, едниот 30, едниот 50. За да стасаш до таму е малку сложена процедура, мене сто души ми објаснуваа и пак на крај сама ги најдов. Значи ќе пробам јас да ти кажам по која логика одев. Одиш право во пазарот, влегуваш нели одоздола и мавај на десно цело време. Ќе ја поминеш тезгата со една тетка, таа е како на агол, а карши неа има како продавничка со јадење, внатре во пазарот. Откога ќе го поминеш ова, влегуваш во пазарот со зеленчук. Овде цепај на десно, не крајно десно, него ред-два, пред крајот. Оди, оди и оди, додека не ја видиш првата тезга со детска облека што почнува, ориентирај се по неа. Кога ќе го видиш тоа, си ги нашла бугарите.
Не знам дали сте пишале за ова, сега ми излезе на wall, гледам има ефтини цени, продавницата е во Рамстор. Едит- одете со десен клик да ја видите цела слика, не ја собира цела. Карина, не се откажувај, додека не го прошеташ цел пазар не си оди, како и да е ќе ги најдеш и бугарите Ако не, земи со тебе некоја колешка од Скопје и решен проблем.
Тоа ми е проблемот двапати сум отишла на тој еден Битпазар и како лавиринт ми е какви Бугарки ништо не можам да најдам И на крај ќе се изнервирам пак од град ќе лупнам астрономска цена за нешто што таму е сигурно трипати поефтино.
Макси суќни видов во Fiori и воопшто не беа скапи, околу 600-700 денари, а имаше и во Body Line, овие беа поубави ама околу 1700-1800. Видов во Jordan во ГТЦ, и во една мала чевлара во едниот излез накај кеј, до неа има една поголема, не знам како се вика.
Можам ли кај нас да најдам бела - крем боја за чевли? Ако некој знае, нека ме просветли каде да најдам
оние стегачите за пунџа како „крофна“ ги видов во една продавничка на улицата од женски пазар на бит пазар према пластичарите, т.е полициската станица кај бит пазар пред тоа атлантик мислам беше за играчки има 3 продавнички, едната за хулахопки, едната за некои украси или нешто за играчки и една за бижутерија, беа по 30 денари само таму ги има се надевам ме сфативте каде точно се наоѓа...
Се наоѓаат ли по Скопје асиметрични фустани / суќни ? (не сум шетала одамна) Сакав за апсолвентска вечер да си купам
Каде да се најдам хеланки црни убави, не од тие како кожни и не памучни обични, туку црни со сјај малце незнам со материјал се?
Еее, па ти од двапати сакаш да ги најдеш, јас од септември ги барам тек сега во мај ги најдов. Не озбилно, добро ти рече Сесилија, кружи наоколу, барај ги, таму се. Не е толку големо колку што изгледа. А типтоп ли се вика продавничкава каде се балетанките по 390?? Да ги најдам на фејсбук.