Не е поврзано со облека, накит или слично, ама да си прашам јас . Каде да најдам тегови мали до 1-2 кг, по некоја лајт цена?
Во Џамбо. Баш имаше помали, розеви, за девојки. Е за цена не памтам, ама беше нешто со 9. Дали 89, дали 99 не знам, ама тука некаде.
Имаше нешто слично во кара во гтц, ама го гледав на почеток на месецов некаде кога шетав за апсолвентска. Во гтц во префрлената кара наспроти ДМ. Црни и бели имаше ама не гарантирам дека има уште, немам поминато Можеш да побараш во некоја продавница каде што има постари (не најнова мода) парчиња. Јас имам обична бела кошула иста како на сликата само со крагња, целата со чипка уште оооодддааммна, и не е нешто супер скапо парче Модата се враќа
^ Вакво има во Велес, скоро на секој чекор, само е црно. Има и само ракави, и пократко од ова. Во една продавница се за 350 има такви еден куп.
Тие од џабо се катастрофа, се уништуваат за кратко време. Имаш убави во орка, не се толку ефтини, околу 300/400 денари се, зависи која тежина. Иако не е двоцифрена цена мене воопшто не ми е скапо ова. Тегови се, нема да купуваш на 2 месеци (освен ако не ги земеш оние од џамбо)
Такви сунгери за пунџи јас случајно најдов во една бижутерија во редот на 26 Јули стоковната.Кога одиш од Бит-Пазар накај Центар во тој ред е.Незнам како се вика ама мислам дека е единствена бижутерија тука во близина.По 30тина денари ти се.
Има вакви асиметрични по 800 ден. на странава, само немам порачувано ништо од тука и не знам баш колку се сигурни http://trendy.mk/index.php?main_page=pr ... cts_id=129
колку што знам, за кај нас неможе Не не дава кога бара на почеток choose country П.с Може да се купува онлајн само во тие земји каде пред нив ја има таа кошничката, така да ни во грчка ни во србија неможе.
Кошула широка ама материјалот да биде нешто како жоржет, не знам како да ја доловам.. кремаста или бела сеедно , ми треба да ја комбинирам со сукња со висок струк- корал боја..
Балетанки бре! Пупиња јас си земав денес во Рамстор, од Тип Тап за 490 денари. Така да пупиња има, само треба да знаеш каде да бараш да не се опупиш некаде асално за илјадо, две илјади и слични цени.
Незнам колку е соодветно тука да прашам.. Ама дали сте виделе вакво за волумен, на косата, што се вметнува во косата, еве вакво??? ) http://www.google.com/imgres?q=Hair...w=167&start=0&ndsp=47&ved=1t:429,r:4,s:0,i:79