Јас луѓе вадам картичка у блиска иднина и купувам од овдека http://www.ebay.com/ , ако не друго бар знам дека ке ми стигне дома тоа шо ќе го сакам. Ептен добри ствари има за ефтини пари. ПОГЛЕДНЕТЕ
Каква картичка вадиш ако не е тајна, зошто нели нашиве не се признаваат и не може да купуваме од ebay?
Каде да си купам тексас фармерки, ама не обични, така поинтересни модели и поефтинки? Еве слики какви барам. ^Овие само целосни, не со машнички, заради бојата ги ставив.
Бугарките се во најзадниот дел од БитПазар, најлесно ке ги најдеш вака: ќе влезеш во уличката позади пазарот што води накај женскиот пазар, и во битпазар ќе влезеш во последниот пролаз, и од таму бугарките ке ти дојдат од лево. Не може да ги утнеш зошто се некои 2-3 реда тезги со џиџи-миџи, накит, марами, такви ствари... Башка пола од нив зборат апла бугарски, ќе ги чуеш Е сеа јас да ги прашам форумџиките: каде можам да најдам само долен дел од костим за капење? Имам неколку горни во разни бои, па да си најдам долен дел да ги комплетирам. И нормално не мислам на изгор продавнициве да давам по 1000 само за гакички, за тие пари ке си најдам 2 пара
Сакам да си куам ваква да речеме украсна лента за на чело ко сто носат 2та и 3тата девојка Сте виделе некаде низ Скопјево? http://4.bp.blogspot.com/-cmjJvTyruNg/T ... sories.jpg
Очајно молам за помош Каде да најдам кремасти салонки? Отприлика до 1500. Значи најобични, без машни или отвор кај прстот и други џинџурлајки. А да, и да не бидат превисоки. Може лакирани да се. Не знам кај се не побарав.. Вака нешто, ју ноу
Девојки ми треба ваша помош. Каде низ Скопје има балетанки кои имаат ластик на горниот дел,нешто слично на ова. Хеллллпппп
Не баш ластичиња класични или од оние со цвет на страна, некои поуникатни, специјално се направени за на чело, а овие ко ластици што се се за на глава ама некои погрешно ги носат на чело. Затоа неможам да најдам нигде по бужутерииве.
Да де,со цветови со се, јас имам купено од Ботони за 120 ден. Разгледај има, не мислам и јас на обични ластичиња.
Убави купачи посебно долен посебно горен дел видов вчера во Џамбо. Долните се движеа до кај 400 денари, а горните до кај 600
Каде можам да си купам ваков прстен? http://www.facebook.com/velicanstveno.s ... =3&theater линк зошто слика неможам да ставам
http://www.facebook.com/magdalena.stoja ... 144?ref=ts Еве оваа девојка гледам продава на фејс, па има скроз ист. Само цените и се напумпани за работи кои не вредат ни за третина од таа цена