Има една продавница за монистри во центар кај што беше Кинг Бургер позади него во зградата, имаат готови вакви ланчиња, а и да немаат може да ти направат, прилично се ефтини
Обични црни/црвени салонки затворени, може да се како од плиш и лаковани а може и сосем обични, со штикла негде 8-9 cm. И по можност да се движат негде од 600-900 денари. И не ме праќајте во Шутка ве молам , не за друго туку не ми се цепа пат до таму.
Bo Butterfly Accessories во Бисер. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater Убаво ти кажа Мимс има во Делфина акцесорис кај позади кингбургер. Лајкни ги и види слични ланчиња. Ќе ти направат по боја и материјал каков сакаш. Од 600 до 900 се во зависност од материјалот. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater А видов и кај бугарите слично, ако ти е многу ова во однос на цената, но не се исти од бит пазар зашто ти делуваат бајаги поефтино, пластика чиста Овие од Делфина се каде каде поубави и посвечени. Ама на бит пазар може и 4 да купиш ако имаш среќа да најдеш убави за истите пари од Делфина
Во Теранова имаш со вакви Tribal motives. Шалвари, маички.. Во Аванти имаш многу слични, ти кажале и другите. Башка не се многу скапи. 800 мислам дека беа.
Еве ви само по нападни се дезените.. Batterfly accessorise http://www.facebook.com/photo.php?f...94831.43821.151693038216193&type=1&permPage=1
Ај може две прашања во едно? За да не пишувам по сто теми. Каде да си купам цветен корсет, она знаете бела основа или тегет со розеви цветичи без прерамки и тоа истакнат делот кај градите. И кога викам корсет, мислам на корсет а не на оние памучните топчиња, се надевам знаете на што мислам. И по можност до 1000 да е. Другото прашање во прашање ми е со што да го искомбинирам? Со сукња тесна некако не ми изгледа убаво лично мене а и не носам сукњи. Панталони во некоја појака боја можеби, шорцеви ама што знам некако преобично ќе ми биде така..
Денес си купив од Њу Јоркер сукња крем цела чипкана.. Многу е слатка за 670ден од 1300, има и др работи мантили маички јакни кожни, веш..
Девојки, ќе ве замолам дали некоја знае каде од каде можам да купам кратки панталончиња со висок струк, многу сакам а никаде не можам да најдам
јас си купив во певекс, за 250 денари, морнарски се, црно-бели и имаат по 3 златни копченца од двете страни, кај џебовите )
За другите продавнички на Певекс незнам, али во тој у Карпош 4, нема панталони кратки со висок струк.
Феминки,сте виделе ли некаде вакви машки патики,но да не се по астрономска цена... (Знам дека има во њујоркер но има само тиркизна и сива но нема број за жал) ако сте виделе некаде ќе ви бидам благодарна да ми кажете бидејќи ми се за поклон.
пред 1 месец иаше слични вакви во tally weiji во брескова боја сакав да ги купам но немаше број немам си среќа