Девојки, каде можам да си купам убав едноделен костим за капење со нормална цена? Како што сум поправена малку сезонава, ќе мора да се одречам од дводелните Барам нешто вакво:
^ Во Санда гледав вчера,а има веќе и во секоја за долен веш.Лиска погледни,ама цените им беа претеризам.
Несто слично во Golden Point има многу штосни еве нешто што успеав да најдам пошто сите модели ги нема кај нас,повели
Кај да најдам некои поефтинки фустани секојдневни, долги, кратки, до колена - сеедно... ама да бидат поефтини значи 500-600-700 ден бидејки сакам повеќе да си купам..м? Е вака нешто Spoiler
Мхм, само што е изгор скапо барам некоја поевтина варијанта зашо ионака два три пати ке го носам само
Девојки каде да си најдам фустан во пеплум стил, ми треба за свадба за месец дена но несакам да шијам одсекогаш сум имала уплав од шивачки,сакам да си пробам па ако бива бива ако не бараме друго. Нешто вака од прилика како девојкиве на госип грл http://www.google.mk/imgres?um=1&hl...429,r:0,s:0,i:64&tx=64&ty=86&biw=1024&bih=631
Спавачици, широки, значи со два-три икса напред за провев и комоција кај голема и згодна женска како мене , кај се наоѓаат? Денеска ѕирнав во Џамбо 2-3, околу 400 денари се, ако се наоѓаат и некои шантрави за 100че и за влечење дома по кревети, ја би да знам каде.
Во ЕЛИТ во гтц! Имаш преубави едноделни купачи, а и башка пристојна им е цената мислам Помини види, има голем избор
На кој што му треба купаќи, нека оди во Сара Фешн... Годинава имаат многу убави костуми а и ефтини се многу! Од 800 денари почнуваат и се многу слатки
Каде да најдам прстенче со змиичка пред да заболам од мака? Ненормално многу ме бендисува, цела година барам и безуспешно е.
Имам јас од Битпазар, 30 денари. Го има во темата со накит, а и на тезгата го имаше и пред недела, две, а моето е доста постаро.