Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојки каде има да фармерки со висок струк нема врска дали се широки или тесни... нешто слично на ова или.... немора да се на попуст
Каде да си купам?..па и на попуст плус И јас барам ваков кремас капут цел месец веќе...И најдов еден прекрасен, ептен е фенси..Во New Yorker ќе одиш во новиот Веро и таму го има ...По цена е од 3700 ден...Али боли глава кога ќе гп видиш..Јас еве сега во моментов се спремам и одам да си го купам..Дај Боже само да не се потрошиле...
Каде да си купам?..па и на попуст плус Како бе јас бев вчера и немаше кремаст капут Немаше дебел волнен кремаст, можеби имало тенок, тие не ги ни гледам, ама волнен јас не видов. Ај пиши ако си купила, можеби јас не сум ги видела
Каде да си купам?..па и на попуст плус Rassonerka јас уште преклани од Фиори во Рамстор купив еден волнен капут, кафеаво-бел , струкиран со појас на половината, некаде до над колена. Го купив 4000 денари и не ги жалам зошто многу топли. Лани зимата, пак го имаа истиот модел, ама дупло поефтин 2200 денари. Имаат така модели од пртходните години, а и нови модели и голем избор. Провери таму, мислам дека ќе најдеш.
Каде да си купам?..па и на попуст плус За џабе отидов у пм...Се потрошиле тие модели..Имаше само еден бел останат од тој модел...Ах што ми е криво..Тогаш кога го видов на излог немав доволно пари во мене, зашто на кафе бев таму отидена, а денес со пари отидов во џеб и НЕМА
Каде да си купам?..па и на попуст плус A дали некој знае каде има чизми ама со висок квалитет да се, анатомски да бидат..Ама па модерни да се..И да се скапи, ако, нема врска..Имав проблеми со нозете лани од тесни и неквалитетни кинески чизми...Кажете ве молам ако знаете...
Каде да си купам?..па и на попуст плус Каде да си купам греачи за на нозе, убави и дебели, во теранова има убаво ама не ми се даваат 500 денари за тоа, може негде до кај 250 денари... ајде кој знае нека каже
Каде да си купам?..па и на попуст плус Мимс-89 една моа другарка земаше термо чорапи ги сечеше стапалата и потоа мајка и ги поминуаше цик-цак на машина. За четири пара потроши околу 150ден. А за чизми и чевли јас купувам од мат стар бидејќи секогаш се ефтини и плус се квалитетни. Ги купувам во Кавадарци ама може секаде да се најдат. Јас имам 3 пара од летото ги купив и уште се модерни.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Греачи јас си купив од продавничката каде што има чорапи, хулахопки.. Во гтц одма кај Ботони што е. Кога ќе влезеш од плоштадот од лева страна е, нема шанси да ја утнеш. До Орка е. 150 денари ги купив и сиви се.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Да ја знам, и јас барав таму, имаше и по 60 денари ама не беа нешо убави... а такви ко шо викаше немаше...
Каде да си купам?..па и на попуст плус Мимс, греачи видов денес во Џамбо, имаше едни 250 денари, црни беа како со копче, и други имаше околу 200 денари, можда помалце, со сиво како на риги.
Каде да си купам?..па и на попуст плус kаде да си најдам чизми (онака до колена) да не се нешто многу скапи. кој би ми бркале работа за во зима.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Ако прашуваш за Гумени, видов ефтини во Трафик во Бисер. Негде 800 беа мислам.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Карак види во Шутка од 900 до 1800 ден. се. Низ центаров мислам доста поскапи се.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас баш пишав во темата совет за чизми... моите чизми од Шутка 1500 ден. за 2-3 недели се исти како оние од поквалитетни рецимо од ГТЦ да ги купиш за 2-3 години. Сеа си барам нови да си купам. Овие прв снег и јас ќе станам утоп. Се испоизлепија, несакајки се поткачив во автобус ми се направи рез огромен. Ебате Шутка! Го сменив мислењето. Боље едни поквалитетни, него неквалитетни за 2 недели да ги носам. Втори чизми од Шутка ми се, вајда и последни.
Каде да си купам?..па и на попуст плус мислев на кожа или имитација на кожа нели хехехе али да се до колено или над. Него гледам низ град многу ги носат сакам и јас хехехех
Каде да си купам?..па и на попуст плус Моите се 900 ден. и уште не попуштиле, ниту на изглед ниту пак вода, а кај мене во населба и те како има. Имам и од лани едни и тие се ко нови. Така да како се погодиле.
Каде да си купам?..па и на попуст плус чизми до колена има во цело Скопје каде сакаш провери..јас си купив пред две недели од Биана 100% кожни што нема шанси да пропуштат вода и многу топлат(барем за две недели) моите ги платив 7200, побарај па пиши што си направила позз*