1450 Јас исто меркав на eBay и планирам да го нарачам преку Купи од Интернет и според некоја груба пресметка треба да ме фати околу 600 денари со достава до дома.
Ланчево е од H&M и е нецели 9 евра!! Ако имаш некој да ти го донесе добро ако не во цената што и ја плаќаш на девојкава имаш и пат до Солун!
Овие сенки од GOSH, одлични се, многу се пигментирани, а не се многу скапи. Мислам дека беа околу 300 денари, ги има во DM Маркет и би требало во Cosmo, но не сум проверила. Во DM сигурно ги има.
Девојкии, каде да најдам кошула широка ама материјалот да биде нешто како жоржет, не знам како да ја доловам.. кремаста или бела сеедно , ми треба да ја комбинирам со сукња со висок струк- корал боја..
Има и во OVS, поефтини се а можеш и распар да си земеш. Едит: Сега видов дека си пишала едноделни, а јас за распар ти зборам.. Како и да е, ќе најдеш и едноделни, само што изборот е помал.
Девојки каде можам да најдам продавница за обувки(ми требаат сандали за мајка ми), и бутик за деца ама да бидат со пониски цени? А, да не сте виделе некаде ранче за мало девојче со Mини?
Да ви помогнам Позади слаткарницата Рафаело на ул./Партизански одреди има продавница,се вика Пренди.Се е по 200, навистина има добри работи...Подолу 10-тина чекори од таа продавница има друга не ми замерувајте не знам како се викаше али кќе препознаете затоа што нема други продавниции таму цените се движат од 100 до 500 ден... Се надевам дека ви помогав
Од Рекорд, ќе продолжиш надоле (за накај Кисела Вода) и нели има раскрсница, ама ти ќе идеш само право, и од левата страна имаше една продавничка пишуваше горе нешто делови за бижутерија, за накит ова-она, сигурно имаш нитни таму. Мислам дека продавницава беше некаде на почетокот после раскрсницата, ама не ме фаќај за збор зашто не ми текнува баш.