Во Пренди . Или пак во продавничката што се наоѓа до Марди, карши црквата во Ѓорче, по 100 и нешто денари се тука, ама ептен се квалитетни. Јас една имам од Пренди и една од оваа продавничка. Наједноставни, црни. Ама има и други бои.
Во Бебел фешн, поранешно Мана фешн, од страната на универзална, карши Броз - кафе. Гледав пред некој ден, цената им беше некаде 500-600 денари. Исто и во евроазија види. А најефтина варијанта ти е стари фармерки да земеш и да ги исечеш. Јас едни сефтосав вчера, си добив старо-нови шорцеви .
девојки ве молам кажете ми дали има вакви алки и ланче ко ова на Бит пазар по тезгите кај што продаваат бижутерија, да не одам за џабе по жешково?