Купаки, со една прерамка, нешто како овие од фемина првиот вид? По ПРИСТОЈНА ЦЕНА... Најдов во пенти, само горниот дел беше 1600, толку не ми се дава http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... D0%BE-2012 И чанти за на плажа од кај купувате? Дали само мене ми изгледа дека убавите се со астрономски цени или не сум го нашла вистинското место да побарам?
Во Џамбо има огроооомен избор на ташни за на плажа. Башка и не се скапи. Цени не памтам баш, ама немаат некоја астрономска . Инаку за цената на купаќите во Елит не повеќе од 800 денари.
Јас си купив од Певекс пешкири, по 200 денари убави, величина баш да се испружиш на плажа , не сум ги пробала ама убав материјал се.. исто така видов и на Бит Пазар, во тој редот на продавнички кога се оди према женски пазар беа 250 и 300 поголеми (пошироки) и тие ми се видоа квалитетни(турски беа). Е сега ако не ти е битна цената има во Стружанка ама таму се дупло поскапи
Сите што баравте тексас шорцеви, имате во ЊуЈоркер, на попуст се. Има и потемен и посветол тексас, со кафеаво каивче.
Aбе луѓенца све мислам дека тука прочитав дека давале и распар купачи во некоја продавница (дали Cара фешн беше ), значи или само горен дел или само долен. Прашувам пошто ми треба специфичен горен дел, а ја ќе си го комбинирам со долен кои веќе го имам. Па ако можете да кажете дали и на кои места може да се купи.
^ Мимс, јас како што видов долните беа околу 600 денари . Инаку за девојката што бараше панталони до колена(мислам дека AIT беше) нека побара низ пазарите, 100% има. Јас си купив такви какви што бараш, црни, за 600 денари.
Знам дека е лето но да прашам случајно да не имате видено по продавничкиве кардигани,џемперчиња штосни и убави
Девојки а јас да ве прашам дали имате некаде низ Скопјево забележано купачи со push up??? И цена отприлика. Фала однапред
Исто во Golden Point во Рамстор ама изгор цени, 1200-1400 за еден дел, мислам имаат 30% попуст ама пак е скапо. Барем за мене А колку се купачите во Сара Фешн?