Во Џамбо има распар долен и горен дел. Има неколку бои, розев, бел, син, портокалов, а за црн не сум сигурна. Оди побрзо бидејќи нема уште многу останато, претежно Л големина. Имаше два вида горен дел, како бикини, и едни како со корпи, за потпора. Долините делови се 170 до 200 денари, а горните од 300 па до 500. Јас баш вчера бев и земав еден дреч розев долен, со тоа што се помачив во хаосот да најдам.
Во Сара фешн 800,900,1000 можеби имаше и некој пар поскапи но не сум сигурна, ценава е за комплет! Иначе и во елит има убави, јас си купив мастило боја комплет за 400 Инаку распар има и во Њу јоркер..
луѓе во прилеп во кремона има попуст на купачи по 300 денари се а има баш убави само изодбрани се само големи бројки има веќе 40 44 42 така нешто беше јас начекав 38 црни преубави и плус си купив шеширче 90 денари ќе сликам да видите.
Eве денес се рашетав низ Tрговски, си најдов во Eлит такви купачи какви што сакам за 650 денари и горен и долен дел, имаше и со push up убави модели. A во Cара фешн беа 900-1000 и нагоре, и не можеше распар да се земе. A Cтарфиш, Pоси еднаш спомна во темава дека не се многу квалитетни тие во џамбо, дека пуштале боја и не знам што, така да не знам, имај си уште еден пар за секој случај.
Е таман работа да немам Овој долниов го земав пошто ефтин ми се виде, а имам и доста шарени горни делови за да го комбинирам. За квалитетот нормално дека не очекувам многу за тие пари, ама два-три пати ќе издржи за сезонава. Јас сакав и до Елит да отидам. Ми кажаа дека има доста избор. За купачи, инаку, и во Бисер имате доста продавнички. Има убави моделчиња, од 600 денари па нагоре.
Во новото Веро има една продавница на излогот има часовници Flik flak (не знам како се вика) во секакви бои и очила за сонце, ама ти вакви што сакаш не сум сигурна Сепак провери!
ИТНО ИТНО ИТНО ИТНО ИТНОООООО КАДЕ да купам вакви купачи како горниот со цвеќенцава...односно да има такво одоздола како да ги подига т.е ко со push up? Somewhere? PLEASE
Не знаев каде да прашам па ај викам може тука ќе ми помогнете.Сакав да прашам да не знае некоја колку се високите (обични црвени) конверски? А и да не заборавам да прашам има попуст некаков низ продавничкиве наши оти викаат порано давале школски ранец со секој купен пар патики ,а и демек имало сезони со попусти има нешто вакво?