Освен Авон која друга марка има дезодоранс за спречување на непријатна миризба на нозете? Го имам тој од Авон,ама премало е шишенцето и брзо се троши. Некој сличен препарат со солидна цена?
Оние најобичните се 2000-2500 најмногу. .И мислам дека некаде при крај на август имаат попусти ама не сум слушнала досега за тоа дека даваат ранци.
орифлејм имаат имаат крема, а мислам и спреј незнам за цена, и незнам колку се добри...само ги имам видено во каталог
Waka имаш по аптекиве едно спрејче на галафарм, околу 100 и нешто денари е, и во Космо го има. А има и на други преоизводители, со сигурност ти кажувам дека има по аптекиве. Во зегин имам гледано ама неможам да се сетам од колку мл се и цена
Во Body line бо ГТЦ имаше убави и интерсени фустанчиња, имаше и долги и кратки, секојдневни така памучни со цветчиња но и со други дезени...Пред некој ден кога бев јас имаше голем избор ( не знам сега дали останало нешто што би ти се допаднало, пошто нели имаат попуст) но сепак провери може ќе најдеш нешто по твој вкус
Јас бев во Евроазија и тоа специјално излезена за корсет и не можев да си најдам... Во Евроазија-Сити галери имаше само еден модел цветен, ама не ми се допаѓаше и беше многу краток, а друг јас не видов.
Jaс кога шетав низ град вчера видов цветни, светкави, за секакви прилики имаше. Во ГТЦ има најголем избор.
А која цена се движат? Сакам да си земам и црн и бел и цветен како Цвете (Поздрав до нејзе) па да не се ептен скапи?
Цветен корсет јас си купив пред една недели, црна основа со различна боја на цветови во Елит, 400 беше ама дека беше последен ми го даде за 300 денари. Види, сигурно донесле пак.
Кошула со ваков модел, пред некое време сум видела во Котон..Да провериш таму дали сеуште ја има и дали ти одговара
Вакви видов на зелен пазар минатат недела, 1200 беа, кога ке влезеш од кај автобуската во пазарот ке свртиш лево и ке одиш право на таа тезга доаѓаш, ги има на кукла изложено
Каде во Струмица можам да најдам некои убави , но поевтини штикли, докај 1000 ден..пошто ги одрав дома родителите, само пари за облека дома барам а незгодно ми е веќе..
Патики Conversе сум во план да си купам. Каде се продаваат во Скопје и како им се движат цените? Има ли Conversе веб страна?
Имаш во ГТЦ продавница на Conversе,таму цените се движат од 2000,па нагоре. Имаш и во ТЦ Мавровка,тоа е како некој вид аутлет и таму се поевтини. Има и во Бисер,ама има многу,многу мал избор. Имаат и веб-страна : www.arthurs.com.mk Еве па види си