Добро,за патиките се разбравме ама па сега ми треба нешто другоо овој пат барам јакничка ваква [imghttp://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTA2Ub-8cTcDdztbWwk1kDt-fIo4tQuwd4j68nO1nDniPQl2oZeKm7zbINodw][/img] вероватно колеџ јакни ги викаат па сакав да прашам каде може тука негде низ скопјево да најдам ваква ама црвена
Каде да најдам ваков градник ( било која боја) ? Град кој сакате . Озбилно ќе одам и ќе го купам. Ми се смачи веќе да ми се отпетлуваат прслуците Сте виделе некаде ? Колку се движат отприлика ?
Провери во Џамбо горе има слични, имам купено црн и бел по 180 мислам дека беа (може и поефтини) ама поодамна беше, не знам дали ги има сеуште а иначе имаш и на пазар, со потенки прерамки и плус како со потпунки напред не се повеќе од 150 ден.
Во Топ-Шоп имаш, 3,000 и нешто е. Ама види и низ продавничките со долна облека(било која) и такви ствари, би требало да е поефтин. Инаку јас вакви гледав и во Солун исто 50 евра беа, ама квалитет невиден се. Другарка моја зема, се изнаносе, слободно можам да кажам дека и те како вреди за парите.
Во Сара Фешн има. Јас мојот многу одамна го земав за 500. Сега не знам како се движат цените. Можеш да најдеш и поевтини во продавници за долна облека или чорапари, а и во Шутка има.
Jас видов цветни корсети за 300 денари во Eлит, имаше поскапи околу 1000ка во Боди лајн во трговски доле, во Шутка имаше исто пред неколку недели кога бев за 300 денари така нешто. Aбе преполн е градот со вакви корсети, јас па стално наидувам на вакви, сензација се ко ланските сукњи со карнери што ги имаше на секој чекор.
Jaс ваков си земав од Сара Фешн 550 ден. Инаку тетка ми има купено од Топ Шоп и стварно си вреди за парите. Веќе 5 години го носи.
Скроз исто не знам, ама со една прерамка имаше во New Yorker мислам беше 1600-700, а може и 1200 не знам.. Иначе „американски“ купачи има исто во New Yorker и во Рамстор во една продавничка 2ра или 3та по ред од маркетот накај задниот влез, имаше бајаги избор таму ама немав време за цени да ѕирнам. Ќе одам пак деновиве па ќе споделам ако се сетам
Низ ГТЦ и Рамстор убави, а евтини летни фустанчиња? Комбинезон оние горе топ и доле кратки панталончиња? Убави балетанки или платнени, летни патичиња?
Јас да ви кажам право, една година више носам фустанчиња...преубави , за 300 денари, позади Бит Пазар има една продавница шиптарска , и има многу убави ...и зимни и летни, у Бисер еден фустан другарка ми го имаше купено за Нова год 1800, а ја за 300 истиот го земав, едноделни шалвари преубави на риги тегет-бели со црвено , за 300, ги утепав носејќи..најдотерана сум у нив, и најефтини се..
Не се отвара . Ај ако сакаш пак стави ја сликата или линк[/quote] еве може оваа ќе се отвори [/quote] Имаше некои слични како дуксери во њу јоркер, цена немам појма
Танга купаќи видов во сара фешн или пенти (како и да се вика) ако ја има во Битола продавницава таму ке најдеш.
еве може оваа ќе се отвори [/quote] https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater еве нешто слично, ако те носи патот накај Прилеп ..