Во Елит имаше на почетокот на пролетта, а сега немам видено. И во Певекс гледав, ама беа повеќе како џемперџиња.
Сакам ваков модел на купачи знам дека се сегде исти вакви ама долните да бидат како на сликава а кај нас се само со врвци имате негде видено?
Мислам дека знам за какво мислиш. На бившо југодрво има една продавница и имаш такви црни и бели околу 200 ден се.
Јас барам таков шорц, а додека барав слики од шорцеви ова беше најблиску, па сега може и личи на гакички, ама не најдов др слика, за да доловам каков шорц си барам, зашто имам таков со цветчиња само што е нагоре како со висок струк, и не ми беше битно нагоре каков ќе биде, а и не би го носела секако денски и било каде, не сум до толку непристојна, секоја гардероба си има свое време и место.
Во аеродром, спроти бисер, во тој трговски има едно Гифт шоп Бето се вика и таму носат и накит и марами и ташни на дуки и дасо и се живо, по багателна цена...
Ајде ќе ве молам да ми кажете каде да си најдам вакви купачи да не почнам и јас да ја ставам сликава секој ден.
Имате ли досега направено порачка од профилот на девојката која е анонимна како што приметив ? https://www.facebook.com/sakam.moda гледам има интересни палта, а и кошулата не е лоша. Некое намаление има на купачи .. Некоја со искуство ?
Од искуство подобро најди некој што има pay pal акаунт на ebay и нека ти порача, зашо оваа не е нормална со цените. Верувај дека ниедно парче од таму не кошта повеќе од 10$ за облеката и 1$ за накитот, јас добро ги имам гледано на ebay. А костумите за капење на Викторијас Сикрет се по 30$, па ако ти се исплати тогаш порачувај од оваа Сакам Мода. Јас знам дека и робата што ја продаваат низ продавниците исто ја зимаат за џабе и и пукаат цени ама ова е претеризам. Плус немаш можност да го пробаш моделот да видик како ти стои плус треба да платиш огромна сума. Јас не би зимала ништо од тука. А заборавив да кажам дека се е кинеско што продава освен костумите на капење на ВС ит аму некои дрангулии од Тифани и КО.
не ти е сигурно вака преку нет да нарашуваш на непробано башка некако мене скапичка ми е .Кошулите 1300 палтата 1800 .За тие пари у град на рака допрено и видено ке најдеш.Убави се многу скоро се ми се допага од кај нејзе пред месец дена сакав кошула да нарачам ама ради ова се пишманив посо не е мала цената а да ја утнам да не ми стои жива ке се изедам за тие пари
Јас поминав пред недела дена отприлика, за женски не најдов нешто посебно, освен неколку маички така како рамбовки ама со цветчиња по нив, а за машки маици имаше поголем избор. Е сега оттогаш сигурно донеле нова роба.
Дали на Бит пазар кај Бугарките можам да најдам акцесоари за коса, Венчиња,цветови,траки? Нешто актуелно и убаво. Продаваат ли и лакови ? Ми треба цртач за нокти онаков со тенка четкичка и печатчиња.