Има и тоа колку сакаш бижутерија не сум била од пред две недели, ама таму секогаш се наоѓа по нешто а за лакови оди на почетокот на Бит Пазар, од кај Зегин има два влеза, еден што гледа на сам булевар, ама ти влези од другиот после тезгите за долен веш има две-три тезги само за нокти, лакови, стикери, светки, тие ствари за цртање и сл се надевам ти помогнав
Немав поима каде да го поставам прашањево, а хитно ми е... Каде да си купам вакво... крукче... Ми купила мајка ми бикини од H&M, многу ми се допаѓаат ама долниот дел СТРАШНО ми ги оцртува спојлерите, како гица прасица доаѓам... Ај ве молам ако не некое друго чаре смислете ми.... Еве го моделот на купачите... Од позади горниот дел се закопчува како со златна шнола, и затоа помислив да си земам златни кругови и да ги однесам на шнајдерка да ме спаси... Помош плс
во ГТЦ ги има, само дали продавницата се викаше Еликсир или Шатци не ми текнува битно на приземје е (400 ден). И до сите оние кои бараат цветни корсети има во Body Line на попуст за 350. Бои: розево-црвена (светла), тиркизно-зелена и тегет.
Каде да купам пуш ап горен дел на купаќи.Ама само горен дел ми треба,и цената да не биде изгор негде до кај 400 ден. има негде?
Хаха искрено прво на што ми текна е да си земеш од корнизата на завесата едно такво крукче, само метално да биде Еве на што мислев :
Лани имав бикини со такво крукче и воопшто не ми беа практични. Крукчето се загрева затоа што е метално и ти ја пржи кожата, па ќе мораш ептен често да се разладуваш. Јас ги носев еднаш-два пати од мерак и заради ова ги оставив. Ако можеш смисли друго решение,некако ова не ти го препорачувам.
Можеш и со врвки да ги направиш, од сличен материјал..а ова со алкиве што знам како што кажа Вака Вака кога ќе се загрее металот?!? црвени кругови...
Кај Бугарките сешто ќе најдеш, ама не сум била одамна и не знам каков избор има. Инаку на Бит пазар кај магацините имаш цртачи по 15-20 денари, а на друго место ги продаваат и по 50. Исто на Бит пазар има. Премногу бои и има доста броеви.
Bо Eлит има една тезга преполна со купачи и само купачи, имаа и push up, од 300, 350 до 400 беа скоро сите горни делови пошто севкупно се 700 ден. со долниот дел, па ете ти упола цена.
^^ Во ЊуЈоркер има со неонска боја на чипка ако ти одговара да биде таква, тесна и кратка до над колена,жолто-зелена и портокалова нијанса, мислам дека ги спуштија на попуст со цена од 500-600ден. Изгледаат вака нешто:
Каде можам да купам вакви буцки ? И дали имате видено куси панталони или летни блузи со трибал стил ? Каде, и како се движат цените?
Каде можам да најдам фустанче какво што носеше Муазес од Опасна убавина на свадбата на Зејнет???? Фала