па во скоро било која продавница која не е брендирана а се продаваат машки обувки да провериш и ќе најдеш и за помалку од 1500
Јас ги имам, ги имав постирано на темата за обувки. Ги зедов од Уникат Битола, 790 ден. Испорака вршат до дома а ги гледав обувките,сандалите,римјанките на фејсбук страната. Еве ги како изгледаат. Ако решиш да правиш порачка, можеш да ми пишиш лп ќе ти објаснам како јас нарачав, за колку дена стигаат. еве ги 2те страни (1 е преполна , 2 можеш да ја аднеш.) https://www.facebook.com/unikat.bitola?sk=wall https://www.facebook.com/unikat.bitola.1
многу ти благодарам но барам исти како тие на сликата што ја постирав инаку, од сликата што си ја постирала ги имам вторите сандалки, ги купив од кавадарци и многу ги сакам поззз
Но можеш да ја носиш сликата или да ја пратиш на фб, да видиш дали го имаат овој материјал или нешто слично што ти се допаѓа и ќе ти ги направат, значии работат и по порачка.. Мислам дека сите обувки што ги имаат се од нив изработени
Имаш во бижутеријата доле во ГТЦ одма кога ке се симнеш доле кај скалите АБЦ или нешто така и 100 денари се
Обични салонки, може да се лаковани или плиш, црни/крем, или некоја така подречава боја. За 600-800 денари. Да не има во Тип-тап случајно, ама не од оние шпицасти ниски, туку заоблени и повисока штикла
^ Пред некое време имаше интересни во онаа продавницана за чевли на ќошот кај кино Милениум. Вака на око интересни ми беа, а и цените им се таму секогаш прилично ниски. Можеш таму да си провериш, дали уште стојат не знам (дури и ако имаш голема нога како мене некогаш можеш да најдеш )
во аванти имаше, баш пробував пред 2-3 недели...ама немаше броеви, само 36 и 39 пред некој ден ми текна на оние шнолите што беа хит порано...пеперутки што им се нишаа крилата...дали некаде можам да најдам такви? или ги нема веќе?
дали некој има видено неон фустани???или пак матријали дали има на женски пазар...такви розеви жолти зелени плави али неон??? ако знае некој нека пише, па да се подновам
Сини и жолти неон фустани имаше пред недела две ако не се лажам може и повеќе во бутик Инфинити, оној на ул. Партизански одреди, позади Ким автобуската постојка вееднаш до Вип. Јас зедов жолто, може и за на плажа да се носи. Сега има донесено марами, ама не сум сигурна кои неон бои ги има не ги заприметив
Види во Bee Pink во Рамстор, потенките беа 180, а поголемите 230, знам затоа што ги продавав, е сега дали има не знам, зошто не работам веќе таму, ама пак види си...
Во Аванти и Султан на Бит Пазар. Во Аванти сега има попуст, можеш да најдеш! Во Њу Јоркер гледав пред некој ден, но за цената баш и не се сеќавам.