Како се движат цените на купачи во Елит...или слични места? Квалитетот не ми е многу битен и онака после една сезона ми здосадуваат.
Во Елит купачите се по 700-750 Инаку има и по 500, но не се толку убави А во другиве продавнички исто.. цените се движат обично до 1000 ден.
Знае некој кај да најдам некое убаво несесерче за пакување шминки, производи за лична хигиена и такви работи? Имам едно дома ама е четвртасто и тврдо, така да зафаќа многу простор, а и работите можеш само на еден начин да ги пакуваш. Не мора да бидат преевтини, ама и да не се изгор скапи
Долги, шарени и лелеави фустани? Ама не асиметрични, туку до доле долги? Во Пренди, Певекс видел некој?
Јас си купив од Мана, ама уште пред можеби 3 недели 380 денари, во Певекс вчера поминав такво нешто немаа..ама во Елит имаше, во Васидора.. за цена не знам..
Спроти Бисер во зградата на Телекабел, веднаш до нивниот наплатен пункт има продавница за маички со такви мотиви. Не се скапи, а маичките се доста квалитетни. Мислам беа околу 200-250 денари
Во Рамстор во големата продавница до киното и тоа на самиот крај од продавницата кај машкиот одел и мислам дека беа 500-600 денари .
Убави летни шарени фустанчиња, ама не памучни оној материјалот како свила, а не е свила... Полиестер или не знам.. Во Теранова, Евроазија и Њу Јоркер не најдов ништо по мој вкус. Еко и Елит вреди ли да се оди или не? И исто долг летен фустан ама за ниска девојка Тие до сега што ги видов се ми се чини 20 цм подолги од мене цела А не можам да кратам и слично, ако нема боље не купувам него да се бафтам по шнајдери
За распар не знам ама во Голден лејди во рамстор има комплет еднобојни купачи по 640 денари и многу се добри и квалитетни ,најобични на врзување и ги има во црна,сина ,маслинеста,розе,тегет и виолетова боја