Во Еуроазија се 800, а во Њу Јоркер видов од 1200. Не разгледував многу цените, но колку што забележав имаше од 600 па нагоре. Изборот е огромен! Во Џамбо има и како ташнички, несесерчиња и кутии за козметика во различни големини. Имаше од 300 најмалата, па 900 најголемата, но не сум баш сигурна.
Девојки каде можам да најдам во Скопјево нешто слично и ефтино..ко во грчки стил или пак едноставен долг бел фустан
Каде да најдам поефтини купаќи со пуш ап? За боја и дезен не се замарам нешто многу, иако поубаво би било ако се еднобојни.
Каде има убави пешкири за на плажа? Нигде немам сретнато убави пешкири.Значи да не биде ни детски ни обичен скроз,така нешто малце поинтересен да е
Вакво нешто каде да најдам??? Ама најитно ми требаат!!! (од проклетите балетанки добив алергија и ми треба нешто за да ми диша ногата )
Во Екстрим интимо има убави и квалитетни по 1300 ,а и во Стружанка има интересни ,за квалитетот не сум сигурна ама за фини ми изгледаат и се по 770 мислам,во бенетон има по 1500 ама некако тенки се ,а плус и мала ширина имаат,оваа година Тач немаат за на плажа пешкири ,туку само мали . Толку знам јас ,ако најдеш на друго место некои добри пиши ми лп зошто и јас барам сеуште
Вакви многу слични (со циркони во различни бои) има во ГТЦ каршии Сорбино/4ју аксесорис што има една продавница за чевли (ако не се лажам Chantel се вика), беа 1000 денари.. ама стварно ефектни се и многу штосни
Во Елит во средина има две тезги споени со купачи.Има пуш ап преубави модели и даваат распар(на пр ако не ти се точни долните) 700 ден.се.
[СДК] Сакам да кажам... Може линк од морнарскоо фустанче (со морнарска шара) и каде можам да го најдам. Да не е премногу обичноо,да е малку елегантно амаа не баш премногу...и да не е баш за возрасни од 30-40 години. ако има некоја љубезна межу вас би ве замолила ако можете...!
И мене ми треба некоја ваква лелеава блузичка од полесен материјал за на плажа. Има некој видено во Охрид?
zarah,провери во Бела...да не те лажам не знам дали има точнно ама сепак ти провери можеби ако не вакво некое сли4но ќе најдеш.Поззз
во котон имаше ама 900-1000ка негде беа,тоа беше најевтиното оваа година што го видов,лани уште повеќе поскапи беа. само во Jumbo не сум видела.