Каде да си купам?..па и на попуст плус Се наоѓа ваква чанта некаде низ Скопјево Секако не барам оригинал, нуту ми се дава 500 евра, а и не верувам дека кај нас ги има..Ама да не биде ептен бледа копија
Каде да си купам?..па и на попуст плус Скрос иста како првата имаше во Елит, некои 400 ден чини, а имам гледано и во кинеските продавници, гарант има и на пазарче ....
Каде да си купам?..па и на попуст плус ^^ Ама има голема разлика од чанта до чанта..Братучетка ми од Италија си купила за 5 евра, ама од авион се приметува дека не е оригинал..и намесато 4 ливчиња на нејзината чанта се пет Сакам јас нешто кака вторава слика со знакчето, и да не е ептен бледа копија.А за оригинал не верувам дека кај нас има, имам другарка што живее во Лондон таа има оригинал ама ја купи од таму за 450 евра.А навистина ли во Шутка ги има Ааа ќе мора да одам следниот пат кога ќе бидам во Ск
Каде да си купам?..па и на попуст плус Денес бев во Шутка и има за 1000 ден. или 1200 ден. ко оргинали се, а има и за 200,250 копии.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Значи во шутка се оргинал, ако може да приметите ја имаат и маркицата и потписот на Витон и се, јас се зачудив, една познаничка има оргинал (сега евентуално ако она ја земала од шутка па да вика дека и е оргинал) си имаат сериски бореви етикети и се тоа исти ко оргиналот, сеа прашање е дали се крадени или пак се со минимални грешки, па се продаваат тука. Како и да е јас сум во план да си купам =)
Каде да си купам?..па и на попуст плус Е јас ќе ви кажам, зошто дедека бев во Турција фино лепо се распрашав за ваквите копии. Најпрвите копии ги викаат "Original fake" значи тоа се првите копии од оригиналот. Вредат приближно колку оригиналите, значи си држат цена. И најчесто се продаваат токму во Турција, и во Италија. Понатаму од тие копии значи од orginal fake-овите се прават копии. Тие се овие нашиве, се сретнуваат низ сите пазари и во сите држави. Немаат вредност, ама имаат доволно сличен изглед. Original fake- от има сериски број, ист дизајн, потпис, и се продава во иста амбалажа како оригиналот. Сепак кај нас нема шанси ни краден оригинал да се најде!! Кај нас се шверцани овие копии за кои ви кажувам, а изгледаат веродостојно.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Каде во Скопјево се продава козметика на Голден Роуз? Да не лутам по парфимерииве, сакам да си ја купам маскарата за волумен што сите ја фалите
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас имам видено по аптеки а и на пазарчињава особено кармините ги имам приметено па претпоставувам има и маскара
Каде да си купам?..па и на попуст плус Голден роуз имаат продавница. Е сега како да ти објаснам Вака се наоѓа на партизанска. На кош е од зграда, а зградата е карши Жито лукс. Се надевам ќе ме сфатиш
Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојки каде има чизми над колена, ама на пуна пета да се! Во град разгледував и секаде имаше рамни или на штикла... и се разбира да се некои поевтинки, зошто сакам да си ги купам само за сезонава да ги изнаносам и толку Мислев до шутка да отидам, ама па неќам да ми биде џабе идењето, зошто секогаш кога одам таму ништо не си наоѓам.. Ако знае некоја, нека сподели
Каде да си купам?..па и на попуст плус Има во парфимеријата во Рамстор, на прв кат, таа што е од страната на маркетот. И навистина е многу убава таа X4 ultra volume
Каде да си купам?..па и на попуст плус ВИ благодарам на сите на одговорите. Во Рамстор ми е најблиску, па ќе ја земам од таму
Каде да си купам?..па и на попуст плус Има продавница Голден Роуз ама ни јас не знам точно како да ти објаснам . Кога идеш од Ѓорче пример накај центар со 2ка , се симнуваш на станицата пред Соборна и одма на автобуска е . Не можеш да ја промашиш Валда ме сфати
Каде да си купам?..па и на попуст плус А каде може низ Скопјево да најдам вакви чизмички.. (само малце пониски) и штиклата да не е толку тенка, туку вака нешто и заборавив, црни И ако некоја знае и колку пари се,би било пожелно да знам Фала однапред.