Квалитетна бела рамбовка непрозирна ? само не од тој материјалот како за машки зимски маици ... Од Мана рамбовките по 220 што се дали се прозирни ,знае некој материјалчето убаво е ?
Машки новчаник,убав ама не многу скап.Најмногу до 1000рка? И колку се во нике новчаниците дали знаете? Фала.
Во Џамбо има, 100 и нешто се Ако добро памтам 180, ама не ме држи за збор. И јас планирам да си земам едно, само треба да се наканам да отидам, ме мрзи. Другарка зема вакво од Солун, абе му се изнаносе.
вакви прозирни туники за на плажа да не видел некој конкретно низ скопје или солун? многу ми се убави
Во редот на продавнички кај што е ДОРА во трговски, ич не ми текнува дали беше United colors of Benetton или друга, ама 100 посто видов вакво во таа област таму.
И јас го имам истиот проблем. Лани барав долго време, Sara fashion, New jorker.... и на крај си најдов од зелено пазарче
Мојa, мајка ми си има поголемки гради и купи во Сара фешн. Ама таа купи целосен имаше еден дводелен ама не и се свиѓаше шарата. Ако не купи досега провери си.
Јас во Сара Фешн не најдов,броевите им се многу мали.Корпите на горниот дел се ептен плитки.Ама си најдов на пазар,и тоа долен дел еден број,горен друг број.Продавачката ми дозволи да си ги комбинирам
каде да си купам убав кожен новчаник а да не е од мона?прубави се тие на мона ама 2000 ден сега не ми се даваат
Женскииии Може темава не ми е најсоодветна ама незз кај да си го поставам прашањето. Има некоја од вас видено нз Скопјево вакви пластични кутии за да си ја организирам шминката? Ги видов во пост на една блогерка, и ми се виде како добар начин да си ја средам шминката, затоа што во несесери или во фиока лом ми се прават камените пудри и сенките, се дробат, абе крш ова па посебно со лакчињава ми го фати око
Ми треба бронзер, убав, што не остава многу боја, туку сјај. Мислам дека ме разбирате, сакам да светка. Од Голден Роуз не сум задоволна, бидејќи нема ни С од светки, само кафеаво ми остава. Кажете некој испробан, да не е над 500-че.