На зелено пазарче ќе најдеш, како што ти кажа некоја форумџика погоре. Во продавниците на Сара Фешн. И Купи Евтино, имаат продавница во Драчево, ама мислам дека има и во друга населба. И во Џамбо имаше слични градници, пред месец-два видов, ама квалитетот не е којзнае каков.
a такви лентички во разни бои-и тоа како јаже на што се плете-кај да најдам да не знае некој? Spoiler http://boza.mk/wp-content/uploads/2012/07/156640893259928772_baSyV3Xn_c.jpg
Феминки оти не сум тука кажете ми дали има на битпазар nike air max или addidas патики? на која тезга се?
Мислам дека нема, а и да има не се оргинали тоа 100%, ама air max моделот на битпазар колку што знам нема, може само некои обични..
Каде да си најдам портокалов плик? и да ве прашам уште нешто, во теранова има едни фустанчиња портокалови со бели цветови на врзување кај грбот за смешна цена од 130 ден. Е сега кажете ми дали сте задоволни со квалитетот зошто сумљива ми е работата за квалитет, мн ефтино некако
Каде да најдам памучен квалитетен градник со памучна чипка и фишбан. На овие жештини се што не е памук од долен веш не можам да поднесам
Се што имам земено од Теранова го носам со години, ниту се искинало, ниту избледело од перење За пликовите види во АБ, имаше таму многу избор на бои
Кај се наоѓат фустанчињата во теранова,баш утре ке идам да ги видам за 130 денари и два пати да ги носиш ке се испалати..
На 2 спрат се, од страната на скалите само не оние подвижните туку др. позади и пишува 130 баш над фустанчето, а исто така има и др работи за таа цена.
Во Елит можеш да видиш. Или ако не најдеш никаде, можеш да порачаш во дуќанот со ташни во Чаршија (не се сеќавам на името) каде што прават и по порачка.
Не знаев каде, па викам ај тука. Во теранова 70% попуст има на сите ствари, или само на одредените како и до сега? Итно е - битно е, кој знае ептен ќе ми се најде со одговорот .
Па има попуст скоро на се, ама на некои нешта има минимален ако било 1000 сега е 700 дечко ми сакаше една кошула да земе а таа 1300 на неа немаше попуст Исто шеширчињата беа намалени само 200 денари, според мене генерално нема баш некој голем попуст а и ништо не ми се допадна освен едни марами намалени од 400 на 129, ама сега у сред лето не ми требаат Тој 70 посто попуст е на смотани работи поубавите уште си држат цена
Како и што си мислев... Значи нема на сите ствари попуст. Пред недела дена си земав едно есенско палтенце - црно, ептен ми се погоди. Па мислев да си земам уште едно кремасто, ама повторно 700 денари не ми се даваат, најискрено. Чекав да се намалат бројките, али изгледа се`уште си држи цена. Во секој случај, јас повторно ќе поминам .. да ѕирнам само, де