Кога бев на шопинг во Солун последниот пат , ги гледав во секоја втора продавница , и такви каиши и ланчиња . Се мислев тогаш дали да купам и не купив. Сега барам по Скопјево , нигде нема. Ако некој види и златен , нека каже.
Бев денес во Теранова и имаше фустанчиња по 200 и 300 денари. На самиот влез на Теранова се Многу се убави и слатки, една другарка си зема едно фустанче,на мене не ми стоеа :/
Дали може некој да ми препорача бутик,или страна(може и од фб) каде што можам он-лајн да си купам купачи.Но не сакам преку оние страните што вршат продажба од ебау,туку некој бутик од вашиот град каде има добри купачи,бидејќи ми требаат за брзо.
Во каква било боја, пред дваесетина дена ги видов во кинеската долу во ГТЦ, ама сега ги нема. Да не видела некоја на друго место?
Многу се убави балетанчињата, ќе се пуштам и јас во потрага. Saya ако случајно ги најдеш, пиши каде ги има
И јас сакам такви плетени ако знае некој нека помага иначе попуст на долна облека (градници) да не има некаде случајно? (lisca,golden point,intimisimi, extreme intimo) и кои се цените одприлика? ми треба ASAP
Lisca дефинитивно не е тоа што беше. Цените секоја година скокаат, ама секоја. Купачите просечно од 50 евра па до 150. Па извини ќе си купам дизајнерски купачи за 150 евра. Имам купачи кои на втората сезона попушти материјалот и беа испорастегнати. Па еве 4та година ќе носам купачи од Еко/Елит а се купени 10 евра, а од Лиска неможам. Ај да сватам нашите мајки да купуваат од Лиска, има таму модели за големи гради, повисоки купачи, да не речам потеткински модели. Ама ние младите имаме уште 50 продавници во Скопје каде пошемаџиски и поквалитетни купачи ќе купиме. Мене Лиска ме има тотално разочарано во квалитет. Класичен пример за живеење на стара слава!
Од времето е останато дека само во Лиска може се да се најде. Денес има градници со корпи A,C, D, E и поефтини поквалитетни. Да речеме Њујоркер има доста добри големи градници. Голден поинт има доста квалитетни. А една супер продавница за лиска фановите, имате горе во ГТЦ на прв кат позади Адидас. Значи тргнете накај жена парк во пролазот кај адидас. Ќе најдете македонско призводство на доста квалитетна долна облека. Инаку газдата е човек во минатото поврзан со Лиска увозник ли, вработен ли ни ја не знам точно, па си ги нарачува сеа сам материјалите од странство и си шие долна облека. Цени многу пати пониски од лиска, а моделите слични на лиска. Или за долна облека Грација исто наше а големи бројчиња има. Подобро од Лиска гарантирам. Тоа е го хејтувам овој бренд зашто се гориш со цените нивни а не добиваш фитбек. Баба и мама на времето мож добивале, денес НЕ.