Каде да си купам?..па и на попуст плус Дали знае некој каде низ Скопјево има бели сакоа ,женски секако??
Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојки имате ли појма дали во Макпримат имаат попусти воопшто во текот на годината? Сакам да си купам капут од кај нив ама воопшто не ми се брза па да знам одприлика кога можам да очекувам.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Па мислам дека има, мора да има После 15 јануари сигурно, за порано нез
Каде да си купам?..па и на попуст плус Во фебруари некаде има. Мене ланската колекција ми беше поубава и знам во фебруари за мене бројче 38, немаше од 95% од моделите. Се беше продадено и само многу големи бројчиња беа останати за попуст, за жал.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Кажете ми каде да си купам кошула со боди ама со долги ракави ? Денес сегде прошетав и во калиопе едино видов асална , ракавите многу убави и беа ама дека сакав бела , бројчето ми одговараше ама па проѕирна беше . Од розевата немаше број , само s , а ми пукаше . Во фиори накинџурени беа , негде само со кратки .. Откако си ја отворив душата и кажав колку сум разочарана , ќе ми помогнете ?
Каде да си купам?..па и на попуст плус Во продавницата спроти Рамстор имаше само без ракави и баш таква боја јас го пробав убаво стоеше само кратко ми беше мене .
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас лани од Шутка си купив кошула боди. Прв и последен пат да купам такво чудо. Ау понеудобно нешто амин!!! Бодито доле беше памучно, кошулата си беше топ, ама рака не можев да кренам. Боди комплетно како боди цело е памучно и растегливо, а кошулата боди не се тегне и е катастрофа! И најдов спас ... го однесов на шивач и ми го извади бодито од кошулата. Сега си ја носам и гајле немам. Ама сепак многу поубаво стои кошула боди, ама никад повеќе. Дури на еден друг форум збореа за овие боди кошули, јас мислев единствена сум што сум го извадила долниот дел, сепак испадна дека поголемиот број ги извадиле, на сите им сметало. Нема растегливост кошулата, а цела си стегната во неа. А да јас со моите 180 цм може и газот да ми се гледа
Каде да си купам?..па и на попуст плус Слушнав дека во Шутка имало голем избор на чизми...ај девојки ако некој бил сега брзо кажете ми дали има убави класични чизми на штикла и како се движат цените?се исплати да одам или не?
Каде да си купам?..па и на попуст плус денес бев во шутка знам дека високи чизми но ниски јас во петокот ги купив од беверли 1700 ден. а истите во шутка беа 1300. па сега види дали ти се исплати. има интересни и на штикли али не гледав цени но сигурно се поефтини него ли малски бутици. а исто си земав во петокот во беверли и високи на стикла и горе до над колено али многу над колено за 2500, а чизмички како оние до над глужд ти се 1200 такви во шутка имаш многу.
Каде да си купам?..па и на попуст плус А најубаво да одиш во продавниците после Трафик. Има многу убави модели, но малку горе се широки. Има и на штикла има и рамни. До 2000/2500 се. Помалку, повеќе тука се.
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас неколку пати имам идено во шутка али прв пат годинава купив чизми. И за последен пат. За овие 4 недели, 3 пати на чевлар ги носев. Прво ги поткинав горе дека се високи, од едно поткачување цел рез. После врнеше и кога се лизнав на плочки ќе се испокршев ако летнев. Гледав одоздола рамни беа! Ги однесов да ми стават изгребано да не се лизга нели. И на крај ми се одлепија (ама убаво одлепување) и ги носев да ги залепат. Сакам нови да си купам ама ќе чекап попуст. И дома моите и дечко ми ми забранија во Шутка да одам повеќе
Каде да си купам?..па и на попуст плус Девојки , каде во Скопје да најдам вакви шалови~ ( и по која цена по можност ) Значи не се обични шалови, овие се како едно споено Незнам како се викаат на нашки ги знам под името infinity scarves
Каде да си купам?..па и на попуст плус Баш вакви шалчиња ми нудеше една жена на пазар. Некако ги одминав, зошто не ми се видоа баш вакви, како да не беа плетени, чудни некако. А за 250 денари ми ги нудеше....
Каде да си купам?..па и на попуст плус Имам едно вакво дома, од прва втора средно ми е си го нарачав преку девојче од клас , незнам од каде е само знам дека беше 50 ден препознатлива цена нели
Каде да си купам?..па и на попуст плус Јас имам таков али од H&M ми е така да незнам по скопје каде има
Каде да си купам?..па и на попуст плус Имате ли видено блузичка негде во Скопје со оваа устава и по можност цена
Каде да си купам?..па и на попуст плус A да си купиш бела блуза каква сакаш долга, кратка, кимоно, без ракави, блузон ... и да ти ја отштампаат устава, ако баш ти е битно ова да го има
Каде да си купам?..па и на попуст плус Може ли да ме упатите каде има Новогодишни попусти во Скопјето ? Ама попуст да е стварно а не само реклама мора да бидеме тип топ за New year и за празниците А и ми треба оментално еден добар шопинг како антистрес терапија Life is hard ...let's go shoping
Каде да си купам?..па и на попуст плус Кате , ств не знам каде би имало . Јас дојдов до некој денар и отидов така среќна во град да ги потрошам , за да ми дојде на место душава и така си се вратив , уште поразочарана . Не знам каде да најдам нешто убаво , не за Нова година , него вака за секој ден . Инаку во Tally Weijl имаше некои убави фустани , баш една девојка пробуваше и убаво и стоеше . Ама колку пари беа не видов