имам ваква батерија за апаратот. иначе самсунг, дигитален... ми треба ваков полнач ко на сликата.. што мислите каде можам да најдам и колку ке ме чини..
ист ваков не сум видела ама со иста функција има на зелено пазарче за 250 до 300 денари, пластично, јас имам дома, битно за ваков тип на батерии е, дома сите батериите од телефоните вака си ги полниме
Ваква марама само комбинација тегет-бело земав во Бисер во бутик Супер, пред некое време. Сега незнам дали ги има уште ама имаше во различни комбинации. Побарај па ќе видиш.
Сериозно... Знаеш од кога барам вакви,сега ми кажа една другарка 500денари ги земала од некоја продавница кај нејзе... Леле утре баш ќе идам у Певекс и у еуроазија
Па во Космо, би требало Едит: Ме интересира каде можам да најдам машки часовници на Swatch или Quartz ? По можност фејсбук страни, или што ти знам ? Знаете ?
Во Зебра во Капиштец има во една продавничка веднаш до Космо. Мислам дека 700 беа, многу убави кремасти без никакви дрангулии.
Кај Бит пазар тие продавничките што се ( кај 26 Јули ) тука имаш огрооооомен избор на вакви римјанки, не поскапи од 500 денари.
Искрено ја уопште не ги препорачувам тие продавнички иако се ефтини.Пред 2 месеци си купив од таму оксфордки ми се скинаа ни помалку ни повеке за точно една недела, а не беа нешто посебно ефтини (800ден ко за тие дуќани е скапичко) Мајка ми исто од таму пред нешто помалце од месец дена си купи сандали,пред некој ден што заврна додека се вракаше од работа што и се поднатопија одма се одлепија,а и тие беа околу 600-700ден. Така да боље види некои поскапички купи си од трговски(иако се поскапи, има попусти па не се кој знае колку скапи) отколку од овие тука бидејки коа ке ти се скинат за месец дена пак истиот трошок ке го напраиш бидејки ке треба да купиш нови.
Каде во Скопје да купам убав професионален апарат, не да е премногу скап, но сеедно, каде има воопшто добар избор? (Зборувам за веќе познатите Никон, Канон, Сони и многу други)
Каде во Скопје можам да најдам најевтина варијанта на сламена торба за на плажа? Каде има убави,лелеави спаваќи? Како се движи цената на долната облека и на купаќите во New Yorker?
Имаш во рамстор доле на самиот влез во тоа -ТNT market и во Anhoch (во лептокарија) пред месец дена земав јас па затоа знам
Речиси исти како првите видов во продавничките за чевли во Кисела Вода кај рампа пред недела дена, провери можеби сеуште ги има, а не беа над 500ден.