Некоја ваква кожна јакна, секако не целата ваква со нитни.. ама пожелно е да има неколку на рамената? Одамна си пекам за ваква.
http://data.whicdn.com/images/35299685/y_large.jpg Женски каде по Скопјето има убави ранци ваква форма не мора иста боја? Каде и колку се движат цените?
Во Акцесорајз, над 1500 денари.. Јас си земав ваков само кремаст од Дојран пред 2,3 месеци за 350 или 400 денари, не се сеќавам точно..
Од плоштадон накај Меџик шо е патон, ојш нагоре. Продавницата е од десната страна, после Де Лаго. Или пак ак ојш по долнион пат по кејон, вртиш на првата кривина надесно за да се приклучиш на истиов пат, одма е тука. Знам дека имаше од Linkin Park и RHCP. Од RHCP секој трет ја носит чаршија, сигурно имаш видено. https://www.facebook.com/profile.php?id=100003976033801
Прашањето и мојот одговор се однесуваа на оксфордките (чевлите) така да во ред си е цената.. сигурно не се 60-70 ден
Имаше до пред некое време слични лаковани ташни во Џордан во Гтц доле.. има и попуст -50% сега, провери за секој случај
Темава малку е без врска, бидејки се зависи колку пари имаш, што планираш да купиш. За некои 1000 денари се пари додека за други не се ништо, се е релативно. Според мене истото тоа го имаш во темата: Каде да си купам?... Па и на попуст плус . Секако тука не прашуваме само работи кои се на попуст туку она што ни треба и отприлика ни кажуваат феминките каде го има и која цена и според тоа си планираш буџет. Така да сметам дека темата нема смисла. (ова е мое мислење, што не мора да сум во право)
Зависи и од каде ќе ги купиш. На пазар се поевтини истите работи за 150-200 денари од продавница И плус како што кажаа погоре зависи од : град, бутик, парче облека. Не знам како ќе функционира темава. На пример јас сакам да купам едноставен летен фустан. И сега колку пари е зависи. Ги има од 300 па нагоре . Зависи и моделче и се Најдобро постави ги прашањата во темата за Попусти .
Девојки да не знаете како се движат цените на ваквите чанти и каде можам да најдам вакви во битола (не мора да се стрикно адидас, и по можност колку е цената на оргинал и не оргинал ваква чанта)
Баш прееска видов иста ваква, само без шарите нормално во Влае во една од продавничките. Кога ја видов ми текна одма дека некој имаше пишано тука и прашав што цена е, ми рекоа 900 денари, али може и за 800. А стварно е убава, и убаво стои баш. Само што немаше црна, туку имаше останато крем и кафеава.