Каде можам да најдам вакви патичиња и во оваа боја? Гледам имаат повеќето, а немам сретнато нигде низ продавнициве.
лани другарка ми купи од бисер трговскиот,сеа незнам дали има и дали се во мода ?ако се,ке ги донесат секаде,ако не барај по помалите продавници шо уште имаат роба од лани..
Во Еко или Елит,по 600-650 денари се,а ги има во сите бои.Само почекај да донесат есенска колекција,уште е рано за овие да се носат
^ Јас земав две вакви од Теранова, т.е на Калиопе беа, 800 денари се ама има и по 500 - тие се малце потенки.
^ Вакви само пониски можда 5 цм , и напред со црно пувче кои ги прави по елегантни , има и во црвена боја али не жар црвено туку некоја понеутрална незнам како да ја опишам , во А&V ги гледав, е сега бутиков ги има во Прилеп за во другите градови незнам и беа намалени на 500 денари .
Каде има вакво нешто? Како комбинезон, споено да биде. и дали сте виделе ваков пеплум фустан? прекрасен е Еdit: каде има големи плик ташни?
Девојки дали знаете каде се продаваат вакви маички ( или слични на нив ) такви рокерски ми требаат Иии дали знаете каде има мартинки освен во Конверс? Фала многуу )
Кога сме кај попустот - во рамстор има страшен попусот во Калиопе и во подрумот тоа за чевли,незнам како се викаше.. Кога ќе се симнете,одма право во подрумот ќе се онесвестите од цените.Освен што балетанките се по 200/300 денари НЕМА ШТИКЛИ поскапи од 700 денари,а штиклите се .. врв .. Има цветни,со дебела штикла,со тенка,отворени,затворени,на плтуа.....у очи ми останаа сите,а цветните беа само 500 денари и јас не носев пари баш тој ден ..
Нирвана маички има во Еко или Елит не се сеќавам која беше точно, има и со други групи, памтам Металика, Ајрон Мејден, Линкин Парк, Слеер .. задните тезги А за мартинки види на официјалната страна на Док Мартинс можеш да си нарачаш од таму мислам дека испораката е бесплатна, така да поевтино фаќа а и повеќе избор имаш се надевам дека помогнав
Дали случајно некој видел низ Скопјево некоја ваква четкичка (како на сликава) за пудра е (не е битна марката (gosh,radiant,mf...) ???? Spoiler оваа е на сигма ама премногу е скапо да ја порачам од интернет ...
во fergie има многу убави и квалитетни, цените не се до толку скапи доаѓа 4000 за средна големина.продавницата во гтц ја затворија , незнам каде на друго место ја има.