вакво палтенце/јакничка во Битола има ?? мислам дека се уште е рано ама сепак да си прашам.. и не мора да е вакво исто, може да е и друг модел и друга боја, само да е есенско.. или па вие што сте од Скопје, и вие кажете каде во Скопје има, можеби ќе одам натаму со татко ми
Kаде да си купам силиконско пиштолче?ама овакво што се уклучува у струја...или нешто такво? Ми треба за да залепам еко кожа за новчаниче да си напраам...би успеало?
^^^ на бит пазар на тезгите кај што продаваат сваштарии ги има јас земав лани.малото беше 150 а големото пиштолче 200ден..
Во Скопје, во Евроазија има донесено доста солидни модели на вакви јакнички. Само без крзното. И ваква боја има, а и кафеави.
Јас купив вакво прслуче, уствари како беби дол му доаѓа, во Сара фешн во Куманово.Мислам дека и во др. градови каде што ја има оваа продавница би требало да ги има.
Посветли тексас фармерки, може и малку искинати? Сега ќе речете сегде има, ама мене ми требаат помали бројчиња, XS, S, а такви ретки се наоѓаат.
Цевка фармерки со добар квалитет и пристојна цена во Скопје? Нешто како овие,само без тоа искинатото.
Провери во Елит треба да има, не се многу скапи, 900-1000 денари им се движат цените. Јас имам купено неколку пара од таму и се покажаа со добар квалитет
Феминки, ај ве молам кажете ми каде да си најдам фустан за на свадба, но да не е многу скап, до кај 2000.